Живот на одложено плаќање

Волшебни картички со кои се оди на шопинг од соништата, насмеани лица на билборди покрај нови куќи, автомобили или задоволни бизнисмени фотографирани во современи фабрички погони. Дали кредитирањето во Македонија е начин за остварување на желбите и амбициите или, пак, договорите со банките се единствената алтернатива за расчистување со старите долгови и високите трошоци за живот?
Секој се задолжува кај банките со различна цел, барем судејќи според изјавите на нашите соговорници.
Каматите се малку превисоки за нашиот стандард, малку треба да ги намалат каматите.
Граѓанин.

Тони од Скопје во следниве неколку години ќе го отплаќа новиот стан. Вели не му е проблем да одвои пари за рата.

РСЕ: Дали кога отидовте во банка, ви беше добро објаснето како ќе се одвиваат каматните стапки, колку ќе се одвојува од домашниот буџет?
Зошто не користам кредит?! Затоа што не им верувам на банките, затоа. Гледам тие пари што ги имам рационално да ги трошам, не сме трошаџии по фамилија, за сметките првин гледаме да покриеме, па за друго ако има.
Граѓанин.

„Не, значи само процедурите како стојат со каматните стапки, дека каматната стапка е таа, конкретно за станбениот кредит што го земав јас, ми објаснија дека имам фиксна каматна стапка, после тоа таа е променлива. Меѓутоа што значи тоа променлива, во какви услови ќе се менува каматната стапка, дали ќе се покачи или ќе падне, што значи тоа за висината на месечната камата, тоа не ми кажаа?“

РСЕ: Дали сметате дека лесно се доаѓа до кредит?

„Па и да и не. Не, затоа што морав да затворам други картички и процедури во многу други банки. Значи една картичка што е издадена по било каков основ и со најмал лимит од 10 илјади денари морав да ја затворам за да земам потврда за да другата банка не ми земе 5 отсто од висината на кредитот што планирам да го земам. Но да, одобрувањето главно течеше добро иако има многу процедури. “

Некои се одлучуваат на заем од банките за расчистување на стари долгови. Една од нив е Христина од Скопје.
Раст од 7-8 проценти беше со третиот квартал што значи дека и натаму банките ќе продолжат со кредитирање, во одредена ситуација кога економијата е во рецесија или кога фирмите имаат намален обем на работа, со оглед на тоа не може да има зголемено кредитирање, во тој случај фирмите би биле прекредитирани, а банките би имале проблем.
Ѓорѓи Јанчевски, банкар.

РСЕ: Зошто се одлучивте за кредит?

„Мислев дека побргу ќе го отплатам тоа што бев должна.“

РСЕ: Ви се исполнија очекувањата?

„Пола, пола. Каматите се малку превисоки за нашиот стандард, малку треба да ги намалат каматите.“

РСЕ: Дали сте задоволни од односот на банките, еве дали има толерантност кога ќе задоцните?

„ Да, да, соработувам со две банки и досега сум задоволна, еден кредит исплатив, уште еден имам за плаќање.“

Трети, пак, воопшто не се одлучуваат за кредит. Тања од Скопје вели дека не им верува на банките
Можеби да немаат толку емисија на благајнички записи на Централна банка или на државни записи од Министерството за финасии, можеби ќе влијаеше на намалување на каматите на дадените кредити од страна на банките, инаку има слободни средства, меѓутоа нема доволно добри проекти и добри коминтенти.
Љубе Трпески, универзитетски професор и поранешен гувернер на Народната банка.

„Зошто не користам кредит?! Затоа што не им верувам на банките, затоа. Гледам тие пари што ги имам рационално да ги трошам, не сме трошаџии по фамилија, за сметките првин гледаме да покриеме, па за друго ако има.“

Македонците должат над една милијарда евра во банките

Според официјални проценки, секое просечно домаќинство во земјава им должи по 2.225 евра на банките, односно граѓаните им должат на банките над една милијарда евра. Според за сега неофицијални информации во медиумите, во Македонија се` повеќе се земаат наменски кредити.

Кон крајот на минатата година, во јавноста се прошири информацијата за можно намалување на каматните стапки, како последица на намалената задолжителна резерва на банките. Сепак, по оваа информација, банките реагираа со став дека тешко може да се очекува драстично поевтинување на нивниот капитал. Дел од граѓаните и стопанствениците и понатаму често се жалат на високите каматни стапки на кредитните линии, како и строгите услови кои ги нудат банките.

Директорот на една од трите најголеми банки во Македонија Ѓорѓи Јанчевски вели дека една од главните дејности на банките е кредитирање:

„Една од основните работи на банките е да даваат кредити, така да банките си продолжуваат со кредитирање, во зависност од тоа каква е ситуацијата во економијата, дали има рецесија, дали нема рецесија, тоа кредитирање може да биде со поголем годишен раст или со помал годишен раст.“

Во 2011 година е забележан раст на кредитирањето, вели Јанчевски.

„Раст од 7-8 проценти беше со третиот квартал што значи дека и натаму банките ќе продолжат со кредитирање, во одредена ситуација кога економијата е во рецесија или кога фирмите имаат намален обем на работа, со оглед на тоа не може да има зголемено кредитирање, во тој случај фирмите би биле прекредитирани, а банките би имале проблем.“

Со забелешката дека во време на рецесија не може да се очекува раст на кредитирањето поради намаленото производство во компаниите, останува отворено прашањето дали кризата на европските пазари и во соседството ќе ја намали активноста на домашните банки. Економистите одбиваат да шпекулираат, тврдејќи дека се уште не е во целост јасно како потресите на европските пазари ќе се отсликаат во Македонија. Јанчевски вели дека може да се очекуваат негативни ефекти во стопанството:

„Реалниот сектор има проблем, затоа што ако е таму рецесијата, ќе го осети тоа затоа што намалениот обем на фирмите во еврозоната ќе го осетат нашите фирми кои се извозници во еврозоната, затоа што рецесија нели значи намалена продукција, паѓање на фирми, намалена потрошувачка, што значи тоа ќе се одрази и на нашите фирми.“

Поскапувањата на бензинот и топлинската енергија, како за домаќинствата, се трошок и за компаниите. Генерално, овие популарно наречени „режиски трошоци“ не се сметаат за продуктивни бидејќи со нив директно не се остварува добивка. Останува да се види дали скапите непродуктивни расходи ќе го намалат просторот за кредитирање на продуктивни проекти за конкурентни производи на домашниот и странските пазари.

Стопанството бара поевтини кредити

Стопанственциите забележуваат дека во услови на рецесија фирмите не можат да ги покријат високите цени на банкарскиот капитал. Првиот човек на скопски „Макстил“ Минчо Јорданов вели дека во период на рецесија треба да се поттикнува развојот.

„Да се овозможат тие процеси на одржување на производството во време на рецесија со што поевтин капитал, овозможување со таков капитал тие заостанати процеси, радикално заостанати процеси на модернизација на македонското стопанство и очекувам дека е навистина крајно време да се направат сериозни промени во монетарната политика.“

Јорданов забележува дека партнерите на „Макстил“ имаат пристап до многу поевтин капитал.

„Во периоди на рецесија, сета монетарна политика сите светски економии имаат да кажам еден јасен концепт, се оди на тоа да се поттикне развојот, да се сопре рецесијата, или уште полошо депресијата, со што е можно економски оправдано тоа го прават поевтини пари, во однос на Макстил, партнерите плаќаат три пати поевтини пари отколу што ги плаќа Макстил.“

Зошто капиталот во Македонија држи цена? Од медиумските извештаи се добива впечаток дека референтните каматни стапки се единствената одредница на висината на каматите за комерцијалните кредити. Ваквото резонирање се сведува на тврдењето дека ако Народната банка ги намали референтните каматни стапки, кредитите ќе поевтинат. Но дали тоа може да се случи во Македонија? Следува разговор со поранешниот гувернер на македонската централна банка д-р. Љубе Трпески:

„Референтните каматни стапки на централните банки во развиените пазарни економии се во главниот фактор кој влијае на каматните стапки што ги одредуваат комерцијалните банки, затоа што комерцијалните банки многу позајмуваат, меѓу другото и од централните банки, средства за одржување на ликвидноста. А кај нас, бидејќи банките воопшто не позајмуваат од централната банка, референтната каматна стапка има минорно влијание врз одредувањето на каматните стапка на комерцијалните банки.“

РСЕ: Значи она што го зборуваат дека ако паднат референтните каматни стапки, задолжително ќе паднат каматите на кредитите, не може да се земе сериозно?

Не, не, апсолутно, тоа може само некој договор да има помеѓу централната банка и комерцијалните банки, но кај нас нема никаква зависност, бидејќи не позајмуваат нашите банки од централната банка, напротив пласираат средства таму.“

РСЕ: Дали натпреварот за купување на државни записи меѓу државата и централната банка ја загрозува таа достапност на комерцијални кредити за граѓаните и за приватниот сектор?

„Не во таква мерка колку што се кажува во медиумите, бидејќи и онака имаат слободни средства банките. Можеби да немаат толку емисија на благајнички записи на Централна банка или на државни записи од Министерството за финасии, можеби ќе влијаеше на намалување на каматите на дадените кредити од страна на банките, инаку има слободни средства, меѓутоа нема доволно добри проекти и добри коминтенти.“

Задолжувањата од владата ја креваат цената на парите

Во контекст на издавањето записи, вреди да се спомене дека стопанските комори и приватосопствениците до сега на неколку наврати бараа власта помалку да се задолжува со државни записи на домашниот пазар.

Зошто одлуката на владата да се задолжува на домашниот пазар влијае негативно на кредитите за населението и стопанството? Одговара економскиот аналитичар на Центарот за економски анализи Шенај Хаџимустафа:

„Државата се задолжува на домашниот пазар, тоа значи дека го апсорбира слободниот капитал кој се наоѓа во домашната земја, меѓу кои се и самите комерцијални банки кои купуваат хартии од вредност од државата и на тој начин ги ангажираат своите средства кај државата. Автоматски со тоа се намалува самата понуда на пари која останува за другите граѓани и за бизнис секторот.“

Со намалувањето на износот на парите наменети за кредитирање се зголемуваат и каматните стапки, објаснува Хаџимустафа.

„Штом се намалува понудата на пари, а од друга страна побарувачката за кредити е иста или зголемена, автоматски тоа ќе влијае на зголемување на каматната стапка што е секако неповолно, како за обичниот граѓанин, така и за бизнис секторот, значи тоа намалување на слободни пари како резултат на тоа што државата дома се задолжува, влијае и на другите слободни средства кои им остануваат на другите луѓе.“

Државните хартии од вредност се сигурен пласман за банкарските пари, вели Хаџимустафа.

„Добиваат доста добри каматни стапки за безризични средства, значи тоа се средства за кои државата сигурно ќе мора да исплати главнина плус камата.“

РСЕ: Државата е побезбедна од граѓаните?

„Секако, секако да, можеби тука каматната стапка е многу пониска од каматите за кредити кои ги добиваат комерцијалните банки, меѓутоа пак ризикот е нула.“

Од стопанските комори на неколку наврати го повторуваат барањето државата помалку да се задолжува дома. Од бизнис заедницата одговараат и на забелешките на банкарите, дека во стопанството нема доволно одржливи проекти кои би биле сигурни за кредитирање. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека банките бараат безбедни инвестиции:

„Банакрите исто така се вадат на тоа, меѓутоа тие одат со една зихерашка политика – подобрo да земеме добри камати од страна на владата којaшто е гарант дека ќе ги врати тие средства, отколку да одиме во некои ризични инвестиции во стопанството, кои на денешен ден навистина можат да бидат такви поради финансиската нестабилност на глобално ниво.“

Вреди да се спомене дека кон почетокот на месецов првите евтини кредити од втората кредитна линија од Европската инвестициска банка(ЕИБ) стигнаа на сметките на 112 македонски фирми. Македонската банка за поддршка на развојот на 21 декември ја исплатила првата транша од 23 милиони евра, од вкупно 50 милиони евра достапни за компаниите.

Кредитното портфолио на банките порасна за 8,6 отсто до крајот на ноември минатата година, на годишно ниво. Портфолиото се проценува на 206,4 милијарди денари, или 3,4 милијарди евра, наспроти сумата од 190 милијарди денари во ноември 2010 година. Од овој износ, 124 милијарди денари отпаѓаат на кредити на нефинансиските институции, а 82 милијарди денари на кредити за домаќинствата.