Шара ќе стане Национален парк до крајот на годинава?

Попова Шапка.

Од Министерството за животна средина ветуваат дека се очекува Шар Планина да биде прогласена за национален парк кон крајот на 2012 година.
Се интензивира процесот околку прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Се почести се иницијативите, дебатите и работилниците кои водат во насока Шара да го добие епитетот- национален парк.
Ова подрачје да биде не само заштитено во рамките на Македонија, туку неговата заштита да значи и нешто што е трансгранично, што е многу поголемо, кое ќе овозможи заштита на природата и многу поедноставна соработка на државите од регионот.
Љупчо Меловски, професор.


Прогласувањето на македонскиот дел на Шара за национален парк ќе овозможи поголема соработка и заедничко управување со останатите заштитени подрачја на Албанија и Косово кои граничат со оваа планина. Професорот Љупчо Меловски смета дека постапката за прогласување на Шара за национален парк тече бавно. Незаштитената Шара веќе ги сноси последиците, а со тоа и целиот планински масив во овој дел на Балканот, вели Меловски.

„Ова подрачје да биде не само заштитено во рамките на

Од Министерството за животна средина велат дека Шара ќе биде прогласена национален парк кон крајот на 2012 година.

Македонија, туку неговата заштита да значи и нешто што е трансгранично, што е многу поголемо, кое ќе овозможи заштита на природата и многу поедноставна соработка на државите од регионот. Тоа значи многу, бидејќи она што сакаме да го заштитиме се крупните ѕверки-мечките, рисовите, крупниот дивеч, тоа не може да биде заштитено во мали подрачја , тие си бараат големи територии.“

Македонскиот дел од Шар планина ги има сите предуслови да биде национален парк и да ги состави полезното и убавото. Заштитената богата природа сигурно би им била интересна на европјаните кои имаат се повеќе време, а се помалку места за патување, а благодетите на развиениот туризам би ги почувствувале сите. За разлика од кај нас Шар Планина на косовската страна во 1986 е прогласена за национален парк. Според Хазер Дака, од националниот парк Шар Планина во Косово, придобивките од прогласувањето за национален парк се големи, природата е позаштитена, а криминалот е намален.

„Можам слободно да тврдам дека природните вредности во Националниот парк Шара во Косово, кој всушност е единствен, се доста зачувани, можеби најзачувани на целата територија на Косово.“

Од Министерството за животна средина и овој пат ветуваат дека Шара, доколу процедурата тече според предвидената динамика, се очекува да биде прогласена за национален парк кон крајот на 2012 година. За националниот парк има изработена студија, а владата набрзо треба да донесе одлука за отпочнување на процедура за прогласување на Шар Планина за национален парк, вели министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми.

„Потоа има јавна расправа со месното население, со општините и со другите засегнати страни, се предлага законот до Владата за да се прогласи како едно заштитено подрачје, односно Национален парк.“

Инаку, според студијата, националниот парк треба да биде на површина од 44 000 хектари. Во него ќе биде опфатени и неколку палнинаски села и скијачкиот центар Попова Шапка.