Одлуката за преглед 50 денари в сабота, граѓаните очајни

Пациенти чекаат ред за преглед во клиничкиот центар во Скопје

Матичните лекари бараат плус 50 денари од преглед поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат и нередовната исплата на средства од Фондот. Граѓаните и експертите велат дека тој износ е превисок.
Матичните лекари, наместо да им помогнат на пациентите ќе бидат виновни за нарушување на нивното здравје се коментарите на граѓаните на барањето прегледите во иднина од бесплатни да се наплаќаат по 50 денари. Лекарите велат дека причината за таквиот чекор е тешката финансиска состојба во која се наоѓаат и нередовната исплата на средства од Фондот за здравствено осигурување.
Па се знае како ќе влијае, и да е некој болен, нема да оди и ќе му се влоши состојбата и тогаш ќе биде касно.
Анкетиран граѓанин.

Пациентите за најосновните услуги како издавање на рецепт или мерење на крвен притисок би морале да ја платат предложената сума, а доколу имаат потреба од некаква терапија или инeкција ќе мора да дадат и повеќе пари. Граѓаните велат дека повторно ќе трпи нивниот џеб, бидејќи

Клинички центар Скопје

примањата им се ниски.

„Па се знае како ќе влијае, и да е некој болен, нема да оди и ќе му се влоши состојбата и тогаш ќе биде касно.“

„Јас мислем дека претераа, само зимаат и зимаат од народот и ништо не му даваат. Како на матичен лекар кој веќе зима за партиципација да му
Тоа барање е превисоко, 50 денари колку и да изгледаат малку, тие се многу за нашето население, второ е спротивно на постоечкиот концепт кој што беше воведен за бесплатен пристап до здраствена заштита, и на некој начин ќе повлече низа други елементи и реперкусии.
Владимир Лазаревик, Институт за социјална медицина.

плаќам и дополнително 50 денари за преглед?“

„Не е проблемот во 50 денари, проблемот во државата е на друго место, во платите, во невработеноста.“

Владимир Лазаревик од Институтот за социјална медицина вели дека иницијативата на матичните лекари е поради тоа што тие сметаат дека треба да заработуваат повеќе во однос на услугите кои им ги нудат на пациентите.

„Тоа барање е превисоко, 50 денари колку и да изгледаат малку, тие се многу за нашето население, второ е спротивно на постоечкиот концепт кој што беше воведен за бесплатен пристап до здраствена заштита и на некој начин ќе повлече низа други елементи и реперкусии .“

Лазаревик не очекува нивното барање да биде одобрено, иако е легитимно, бидејќи со години не е променет степенот на вреднување на трудот на матичните лекари. Според него, од иницијативата ќе произлезе една реална потреба да се направи анализа кој и колку работи во здравството и согласно на тоа да се определи колку пари ќе добива.

„Ако матичните лекари преземаат 30 процети од вкупниот број на пациентите во државата, дајте 30 проценти од финасирањето да оди за нив. Ако лекувааат 70 , нека добиваат многу повеќе пари, денеска ние тоа не го знаеме и од тие причини практично се соочуваме со проблеми кои едноставно резултираат со незадоволство на повеќе нивоа.“

Од Министерството за здравство велат дека до нив не било доставено никакво барање и Фондот е тој кој в сабота на седницата на Управниот одбор треба да одлучи дали ќе ја прифати желбата на лекарите.