Достапни линкови

Пациeнтите да не бидат товар, туку корисници на услуги


Доктор Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство и основач на интернет мрежата Хелтгрупер.
Доктор Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство и основач на интернет мрежата Хелтгрупер.

На здравството му се потребни промени, но не само краткорочни, туку определена стратегија, инвестирање во здравствени програми со кои на луѓето ќе им се овозможи добра и евтина здравствена заштита, вели доктор Владимир Лазаревик.

Господине Лазаревик, се чини дека здравството стана жртва на разните реформи. Различни министри – различни концепти, генерална стратегија нема, а условите за лекување стануваат полоши. Како да се сврти насоката на сето тоа во интерес на пациентите?
Во контекст на тоа дали кај нас точно е определено каква е стратегијата и каде се движиме, тоа не е доволно јасно дефинирано, меѓутоа она што е битно е како да успеете на човекот кој што има потреба од одредена здравствена услуга за најкус временски рок да му обезбедите да ја добие соодветната здравствена услуга и уште побитно, како да ги намалите трошоците коишто пациентот би требало да ги сноси. Ние денеска тука ги имаме и најголемите проблеми.
Доктор Владимир Лазаревик, експерт за јавно здравство.

Тешко е да се одговори директно на тоа прашање, заради тоа што пред се главната идеја на секој министер, без разлика кој е, е како да успее за краток временски рок да постигне брз ефект. Од тие причини, практично се преземаат краткорочни интервенции кои се видливи, нели може да ги констатираат пациентите преку телевизија, меѓутоа тие на долг рок не покажуваат големи резултати. Во контекст на тоа дали кај нас точно е определено каква е стратегијата и каде се движиме, тоа не е доволно јасно дефинирано, меѓутоа она што е битно е како да успеете на човекот кој што има потреба од одредена здравствена услуга за најкус временски рок да му обезбедите да ја добие соодветната здравствена услуга и уште побитно, како да ги намалите трошоците коишто пациентот би требало да ги сноси. Ние денеска тука ги имаме и најголемите проблеми.

Кои суштински промени, според вас, му недостасуваат на здравството за сите тие прилики во оваа сфера да изгледаат подостоинствено и за лекарите и за пациентите?
Владимир Лазаревик.
Владимир Лазаревик.

За мене приоритетно е матичниот лекар да се користи како основа во здравствениот систем и преку него да се унапреди процесот на комуникација меѓу сите лекари на различни нивоа на здравствена заштита и на некој начин да се поврзе тој систем, каде би се зголемила одговорноста на секој чинител во процесот на пренесување на одговорноста за лекувањето на пациентот од едно на друго ниво. Денеска тоа го нема. Меѓутоа она што ни недостасува, пациентот во моментот кога ќе го добие упатот од матичниот лекар, веќе матичниот лекар губи контрола каде тој се движи и кај кој лекар отишол, кога ќе закаже преглед и на крај каква интервенција му се извршила, што да речеме светските стандарди се 60-70 проценти се финализираат на примарно ниво, а кај нас тоа се движи под 30 проценти и нормално онаа друга компонента која што е секогаш неминовна, а тоа е како да се инвестираат средства во превенција, во јавни здравствени програми, тоа денеска ништо не се случува, тука кај нас се случува сосем обратен тренд. Во изминатите 2-3 недели во Скопје се зголемија респираторните заболувања како резултат на проблеми на кои граѓаните не можат директно да влијаат, туку еднставно општеството не е доволно добро организирано да ги спречи тие појави.

Вие сте основач на интернет мрежата Хелтгрупер, која, препоставувам, има намера да работи на полето на подобрување на комуникацијата меѓу лекарите и пациентите. Мислите ли дека ќе ги победите навиките и инерцијата или досегашниот систем на водење на работите, што се однесува до тоа?

Хелтгрупер е практично проект кој што има за цел на еден интернет начин, значи користејќи го интернетот како средство за комуникација да им овозможи на лекарите помеѓу себе да го подобрат процесот на комуникација и на пацинтите да им овозможиме избор при наоѓањето на лекар кој што им е потребен. Меѓутоа нашата главна цел е да ги научиме како матичните лекари да го користат Хелтгрупер како алатка каде што ќе можат да ги насочуваат пацинтите кај точно определени специјалисти, да комуницираат со специјалистите во врска со проблемот кој го има одреден пациент и во исто време да најдат можност како да му закажат на пациентот преглед во точно определено време кај точно определен лекар. Значи го преформулираме начинот на кој сакаме да го оранизираме здравството, од здравство во кое ние сметаме нели дека пациентите преставуваат товар, кон здравство каде што пациентите ги гледаме како корисници на услуга.
XS
SM
MD
LG