Жителите на Битола и околните села едвај преживуваат на ниските температури. Ем е студено, па снемува и струја. Од честите прекини на електричната енергија сите имаат штети.
Битолчани и жителите од околните општини Новаци и Могила минуваат пеколна зима. Прво по екстремно ниските температури кои паднаа под 22 степени и предизвикаа пукање на водоводни цевки, како и по обилните снежни врнежи од што градот за Божиќ беше без струја, а околните села и по неколку дена.
„Најстудено е во Битола, се грееме на струја, економично минуваме пикнати во едно сопче.“
„Бидејќи цевките ми имаа порано замрзнато, сега внимавам, отворам пуштам вода. Потоа сметките за струја и вода се огромни.“
„Поларни зими Битола отсекогаш имала, како можи во другите
делови на земјата да биде потопло“, коментираат битолчани.
Најалармантно е во Мариово каде 150 жители десет дена останаа отсечени од светот со нерасчистени патишта и без струја.
„Заглавени сме, не можиме да мрдаме ни ние, ни стоката, ни зоб, ни храна имаме. Струја нема, мобилен нема, ни телефони, сите врски се
прекинати. Вака е две недели, патот е лош. Ни камион иди со храна, ни булдожер да го исчисти.“
„Се мачат луѓето, ни храна не можеме да купиме. Никој не не бара каде сме и како сме. Не бараат само кога на државата данок треба да и платиме“, велат жители од Мариово.
Од честите прекини на струјното напојување, големи штети претрпеа сточарите.
„Бидејќи немавме струја за молзење на кравите, кои никогаш не биле молзени рачно, па сите добија маститис. Се обидовме да ги молзиме со тракторите и нив ги расипавме.“
„Штети има и со млекото зашто не работеа лактофризерите, па млекото се расипуваше и го фрлавме на кучињата.“
„Тужба обавезно. Моќност плаќаме во секоја сметка, улично осветлување, а на крај останавме без струја.“
Од ЕВН велат дека дефектите биле предизвикани од лошото време и дека се санирани.
Најстудено е во Битола, се грееме на струја, економично, минуваме пикнати во едно сопче.Жител на Битола.
„Најстудено е во Битола, се грееме на струја, економично минуваме пикнати во едно сопче.“
„Бидејќи цевките ми имаа порано замрзнато, сега внимавам, отворам пуштам вода. Потоа сметките за струја и вода се огромни.“
„Поларни зими Битола отсекогаш имала, како можи во другите
Најалармантно е во Мариово каде 150 жители десет дена останаа отсечени од светот со нерасчистени патишта и без струја.
„Заглавени сме, не можиме да мрдаме ни ние, ни стоката, ни зоб, ни храна имаме. Струја нема, мобилен нема, ни телефони, сите врски се
Заглавени сме, не можиме да мрдаме ни ние, ни стоката, ни зоб, ни храна имаме. Струја нема, мобилен нема, ни телефони, сите врски се прекинати. Вака е две недели, патот е лош. Ни камион иди со храна, ни булдожер да го исчисти.Жител на Мариово.