Фаворизираната Шведска извлече нерешено со Македонија

Македонската машка ракометна репрезентација.

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено со фаворизираната Шведска 26:26 во првиот натпревар од ЕП во Србија. Салата Чаир во Ниш беше обоена во црвено-жолта боја. Натпреварот го следеа повеќе од 4.000 македонски навивачи.
Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено со фаворизираната Шведска 26:26 во првиот натпревар од ЕП во Србија, што се играше во Ниш.

Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.


Најефикасни во македонскиот состав беа левото крило Стевче Алушевски и капитенот Кире Лазаров кои постигнаа по седум гола, додека во шведскиот состав најефикасен беше Никлас Екберг со 6 голови, додека Ким Андерсон постигна 5.
Македонските ракометари во вторник играат со Германија, а в четврток со Чешка.

На полувреме, Швеѓаните водеа со 14 спрема 13. Во текот на целиот напревар резултатот се менуваше на страната на двете селекции, а македонските ракометари во последните минути ја надоместија негативата од четири гола разлика и го завршија напреварот изедначено. Македонската селекција го имаше последниот напад, но не успеа да реализира.

Салата Чаир во Ниш беше обоена во црвено-жолта боја. Натпреварот го следеа повеќе од 4.000 македонски навивачи, а некои и од фан зоната.

Во групата Б што се игра во Ниш, освен Македонија и Шведска играат уште и Чешка и Германија. Репрезентацијата на Чешка денеска направи изненадување на стартот од натпреварите на ЕП 2012 во нашата група, совладувајќи ја Германија, која важеше за фаворит со 27-24.

Македонските ракометари во вторник играат со Германија, а в четврток со Чешка.

Понатамошен пласман обезбедуваат првите три екипи од групата, а доколку Македонија се пласира во вториот круг ќе вкрсти со селекциите од групата А, каде се Србија, Полска, Данска и Словачка.

Европското првенство за мажи-2012 година е десетти европски шампионат во ракомет. Првенството во Србија почна денеска и ќе трае до 29 јануари. Натпреварите се играат во Белград, Вршац, Ниш и Нови Сад. На ЕП 2012 година учествуваат 16 европски селекции.

Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски пред заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално подготвени и мотивирани за стартот на големото натпреварување.

На Светското првенство кое во 2009 година се одигра во Хрватска, македонските ракометари го завршија на 11-то место. Актуелен светски и европски шампион во ракомет е репрезентацијата на Франција.