Македонската спортска јавност со големи очекувања влезе во новата 2012-та година. Во неа, топ спортски настан во светот се Олимписките игри кои во август ќе се одржат во Лондон, а кои кај нас предизвикуваат дополнителен интерес поради тоа што, како никогаш порано, шанси за настап во главниот град на Англија имаат дури три наши репрезентации.
Барем во моментов, најблиску до најголемото планетарно спортско натпреварување се кошаркарите. Тие ќе бидат дел од турнирот што од 2-ри до 9-ти јули ќе се одржи во Венецуела. Таму заедно со уште 11 селекции ќе се бориме за трите олимписки визи.
На настап на Олимпијадата се надеваат и ракометарите и ватерполистите. Сепак, тие допрва ќе треба да се изборат за олимписки квалификации и тоа преку настапите на Европските првенства, кои од 15-ти до 29-ти овој месец ќе се одржат во Србија и во Холандија.
Олимписки адути имаме и во поединечните спортови. Станува збор за 10-ина кандидати, од кои најголеми шанси за олимписка виза има кајакарот Атанас Николовски. Нормата тој ќе ја брка на почетокот на мај, на ЕП во германскиот Аугсбург.
„Психички сум доста спремен за такви натпревари, каде што повеќето од натпреварувачите прават грешки,
така да мислам дека истото ќе се случи и на овој натпревар. Јас сум секогаш оптимист и нормално се надевам на добро здравје се до настапот на европското првенство, се надевам дека резултатот ќе биде неизбежен и ќе се оствари таа олимписка норма“, изјави единствениот Македонец кој на последната Олимпијада во Пекинг настапи со исполнета норма.
Иако со објективно помали шанси, на таков успех се надеваат и борачите (Дејан Митров, Дејан Богданов и Александар Георгиев), боксерите (Вели Мумин, Примислав Димовски и Фатлум Жута), триатлонецот (Стојан Поповски), пливачите (Симона Маринова и Марко Блажевски) и атлетичарите (Ивана Рожман и Реџеп Селман). Тие за нормата ќе се борат на Европски првенства и на квалификациски турнири од март до јуни. Тогаш и ќе дознаеме дали некој ќе заслужи учество на најголемиот спортски настан, или повторно ќе молиме за вајлд карта, наменета за оние кои се уште живеат според
кубертеновото „важно е да се учествува“.
Ова е причина плус за наше незадоволство што каратето не е дел од олимпиското семејство. Во овој спорт имаме европски шампиони и светски медалисти, но поради несогласувањата во нивните федерации не можат да не израдуваат и со олимписки трофеј. Во таква ситуација од нив годинава ќе очекуваме само мундијалски медали. Традиционалните каратисти, предводени од европскиот првак Дејан Недев, на таков трофеј ќе атакуваат во октомври во Варшава.
Каратистите, пак, тоа ќе се обидат да го сторат на мундијалот во ноември во Париз. Таму, наш главен адут ќе биде европската шампионка и најдобрата на светската ранг листа, Наташа Илиевска.
„Неостварена желба ми е да освојам медал и од официјално Светско првенство, бидејќи мислам дека тогаш дефинитивно веќе ќе имам остварено се што е можно да оствари еден спортист. Така да единствено она што можам да го посакам е да освојам и светски медал и со тоа да ја заокружам својата спортска кариера онака како што му доликува на еден врвен спортист“, рече најдобрата македонска спортистка во последниве три години.
Уште три наши национални тимови се меѓу оние кои со своите настапи на меѓународна сцена го привлекуваат вниманието на јавноста. Женската ракометна селекција од март до јуни ќе ги доигрува квалификациите за ЕП во Холандија. Шанси за пласман на Еуро постојат, но под услов да освоиме шест бодови од средбите со Турција и Литванија, како и во двата меча со светскиот вицепрвак Франција.
На пат на Еуро се надеваат и одбојкарите. Тие во септември ги стартуваат квалификациите за собирот во Данска и во Полска, во чии рамки по два пати ќе се сретнеме со Чешка, со Австрија и со Хрватска. Општо е мислењето дека тоа се противници по мерка и дека сега само од нас зависи дали конечно ќе настапиме на едно машко одбојкарско Европско првенство.
Тоа го признава и селекторот Александар Тасевски, иако не сака да се соочи со императив за освојување на најмалку второто место во групата, што ќе значи дополнителен бараж за Еуро.
„Императив не смее да биде. Меѓутоа, знаете како, ако од 15 играчи кои што редовно се повикувани на подготовки за репрезентацијата на Македонија, 12-13 играат надвор од Македонија, тоа значи дека имаме квалитетни играчи кои што играат во силни првенства низ Европа. Самото тоа ни кажува дека може да се бориме рамноправно со сите“, истакна Тасевски.
Во септември, нов квалификациски циклус, овој пат за СП во Бразил, ќе почне и фудбалската селекција. Таа сега е во група со Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс, конкуренција во која се најавува битка за второто место.
За крај, да ги споменеме и алпските и нордијските скијачи. Тие годинава немаат Светски првенства, но до март и од октомври, преку трки од Светскиот и од Европскиот куп ќе се обидат да си го подобрат рејтингот и да се доближат до нормите за Зимските олимписки игри кои во февруари 2014-та година ќе се одржат во рускиот Сочи.
Јас сум секогаш оптимист и нормално се надевам на добро здравје се до настапот на европското првенство, се надевам дека резултатот ќе биде неизбежен и ќе се оствари таа олимписка норма.Атанас Николовски, кајакар.
Барем во моментов, најблиску до најголемото планетарно спортско натпреварување се кошаркарите. Тие ќе бидат дел од турнирот што од 2-ри до 9-ти јули ќе се одржи во Венецуела. Таму заедно со уште 11 селекции ќе се бориме за трите олимписки визи.
На настап на Олимпијадата се надеваат и ракометарите и ватерполистите. Сепак, тие допрва ќе треба да се изборат за олимписки квалификации и тоа преку настапите на Европските првенства, кои од 15-ти до 29-ти овој месец ќе се одржат во Србија и во Холандија.
Олимписки адути имаме и во поединечните спортови. Станува збор за 10-ина кандидати, од кои најголеми шанси за олимписка виза има кајакарот Атанас Николовски. Нормата тој ќе ја брка на почетокот на мај, на ЕП во германскиот Аугсбург.
„Психички сум доста спремен за такви натпревари, каде што повеќето од натпреварувачите прават грешки,
Неостварена желба ми е да освојам медал и од официјално Светско првенство, бидејќи мислам дека тогаш дефинитивно веќе ќе имам остварено се што е можно да оствари еден спортист.Наташа Илиевска,каратист.
Иако со објективно помали шанси, на таков успех се надеваат и борачите (Дејан Митров, Дејан Богданов и Александар Георгиев), боксерите (Вели Мумин, Примислав Димовски и Фатлум Жута), триатлонецот (Стојан Поповски), пливачите (Симона Маринова и Марко Блажевски) и атлетичарите (Ивана Рожман и Реџеп Селман). Тие за нормата ќе се борат на Европски првенства и на квалификациски турнири од март до јуни. Тогаш и ќе дознаеме дали некој ќе заслужи учество на најголемиот спортски настан, или повторно ќе молиме за вајлд карта, наменета за оние кои се уште живеат според
Императив не смее да биде. Меѓутоа, знаете како, ако од 15 играчи кои што редовно се повикувани на подготовки за репрезентацијата на Македонија, 12-13 играат надвор од Македонија, тоа значи дека имаме квалитетни играчи кои што играат во силни првенства низ Европа. Самото тоа ни кажува дека може да се бориме рамноправно со сите.Александар Тасевски, селектор на одбојкарската репрезентација.