Достапни линкови

Успешни подготовки за ракометарите


Македонската ракометна репрезентација
Македонската ракометна репрезентација

Во рамки на подготовките за ЕП на „Бринг купот“ во Норвешка, машката ракометна репрезентација го освои второто место. Селекторот Шундоски е задоволен.

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја одработи првата фаза од подготовките за Европското првенство, кое во втората половина на јануари наредната година ќе се одржи во Србија. Во рамките на тие подготовки, изминатиот викенд на „Бринг купот“ во Норвешка го освоивме второто место, откако ги совладавме селекциите на Португалија и на Литванија, а бевме поразени од домаќинот.
Задоволен сум од многу работи. Одредени играчи на кои што сметав и сметам, го оправдаа своето репрезентативно ниво, одиграа добро, ги прифатија добро тие нови комбинаторики во одбраната и во нападот.
Звонко Шундоски, селектор.

Тоа се оценува како успех, што го потврдува и фактот дека Кирил Лазаров и Ванчо Димовски се најдоа во идеалниот тим на турнирот. Сепак, многу позначајнo од претходно кажаното е настапот на сите репрезентативци. Тие ги исполниле задачите на селекторот Звонко Шундоски, кој не го крие задоволството од нивното прилагодување на новиот систем на игра.

„Задоволен сум од многу работи. Одредени играчи на кои што сметав и сметам, го оправдаа своето репрезентативно ниво, одиграа добро, ги прифатија добро тие нови комбинаторики во одбраната и во нападот. Добивме, да кажам, еден друг систем, еден друг начин, една друга трансформација во играта. За тоа имавме многу мал период за тренинзи, но добро е што тоа успевме да го наметнеме и низ натпреварите“, изјави Шундоски.

Според него, на висина на задачата биле и голманите Петар Ангелов и Никола Митревски.

Поради сето ова, тој сега со поголем оптимизам ги очекува финалните подготовки за собирот на најдобрите на Стариот континент, кои што ќе стартуваат во средината на наредниот месец. Тогаш, покрај тренинзите, е предвидено и одигрување на контролни натпревари, преку кои ќе се темпира формата за што подобар настап на Еуро во Србија.

Сега наше е во мир да се подготвиме за ова првенство, да се подготвиме добро и физички и техничко - тактички, за да се претставиме во најдобро светло и да постигнеме што е можно поголем успех.
Звонко Шундоски, селектор.
Оттаму, пак, јавноста од ракометарите очекува сличен подвиг на оној на кошаркарската репрезентација, која од пред два месеца е четврта во Европа. Селекторот е свесен за тоа, но не сака неговите избраници да се соочат со императив за висок пласман. Затоа и вели дека треба да се оди чекор по чекор, а во моментов за него, најзначајно е да влеземе меѓу 12-те најдобри, односно да бидеме барем трети во групата во Ниш, каде противници ќе ни се селекциите на Германија, Шведска и на Чешка.

„Сега наше е во мир да се подготвиме за ова првенство, да се подготвиме добро и физички и техничко - тактички, за да се претставиме во најдобро светло и да постигнеме што е можно поголем успех. Тоа е во прв ред пласманот во вториот круг, а потоа и освојување на што подобра позиција на Европското“, додаде селекторот на нашиот машки ракометен национален тим, Звонко Шундоски.
XS
SM
MD
LG