Опозицијата не ги коментира позициите на државниот врв пред претстојната рунда разговори со медијаторот Нимиц. Дел од експертите се сомневаат дека средбата би дала некакви резултати, а дел се оптимисти дека процесот ќе биде одмрзнат.
Позициите на македонскиот државен врв пред најавената средба на преговарачите со амбасадорот Метју Нимиц, опозицијата не сака да ги коментира. Од најголемата опозициска партија СДСМ велат дека немаат никакви информации по вчерашната координација кај претседателот Иванов.
„Нема што да се коментира, тоа е шаблон, нема ништо суштинско внатре“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, се надеваат на успех од претстојната средба во Њујорк. Не сакаат да ја коментираат изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас дека во рацете на премиерот Груевски е брзо изнаоѓање решение за спорот и оти Грција не се плаши од решение, туку го бара. Александар Спасеновски од оваа партија очекува дека по средбата во Њујорк, разговорите би ја добиле посакуваната динамика.
„Би сакал да ги поздравам заложбите на Република Македонија за динамизирање на спорот во функција на градење на добрососедски односи, како и отварање на простор за што поскоро интегрирање на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.“
Дел од домашните експерти, пак, се сомневаат дека претстојната средба
со Нимиц и преговарачите би дала некаков значителен резултат. Шпекулациите во јавноста дека македонската страна би била подготвена за отстапки пред самитот на НАТО во Чикаго, според професорот по меѓународно право Беким Кадриу се нереално сценарио.
„Нема да попуштат ниту едната ниту другата страна. Но во овој момент Македонија е во подобра позиција затоа што како едно цврсто алиби барем спрема Грција ја има пресудата на Меѓународниот суд во Хаг.“
Професор Димитар Мирчев, пак, е оптимист дека преговарачкиот процес ќе биде одмрзнат. Уверен сум дека средбата со Нимиц не е
случајна или редовна, вели Мирчев, кој очекува неколку нови идеи или решенија кои би биле поволни за Македонија.
„Мислам дека сега е една фаза на испитување на пулсот на двете страни, меѓутоа во секој случај Нимиц не ја свикува таа средба чисто формално, претпоставувам дека има некои идеи за одмрзнување на спорот.“
Ни Мирчев не очекува попустливост од македонската страна. Позициите на македонскиот државен врв се јасни и непроменети, вели Мирчев, за кого се сосема нераеални изјавите на грчките политичари дека Груевски го кочи процесот. За информациите во јавноста дека македонската дипломатија ќе работи во насока на зачленување во НАТО под референцата ФИРОМ, Мирчев вели:
„Тоа е една нова околност и мислам дека нашата дипломатија сега е многу активирана за да се искористи таа околност по пресудата во Хаг.“
Македонскиот државен врв вчера изрази надеж дека почитувањето на Времената спогодба ќе придонесе за создавање попозитивна клима за изнаоѓање решение за името. Власта повика на конструктивен приод пред најавената рунда разговори со медијаторот Нимиц, но исто така изрази став од стагнирање на суштинските разговори, тргнувајќи од последните настани од грчка страна.
Нема да попуштат ниту едната ниту другата страна. Но во овој момент Македонија е во подобра позиција затоа што како едно цврсто алиби барем спрема Грција ја има пресудата на Меѓународниот суд во Хаг.Беким Кардиу,професор.
„Нема што да се коментира, тоа е шаблон, нема ништо суштинско внатре“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, се надеваат на успех од претстојната средба во Њујорк. Не сакаат да ја коментираат изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Димас дека во рацете на премиерот Груевски е брзо изнаоѓање решение за спорот и оти Грција не се плаши од решение, туку го бара. Александар Спасеновски од оваа партија очекува дека по средбата во Њујорк, разговорите би ја добиле посакуваната динамика.
„Би сакал да ги поздравам заложбите на Република Македонија за динамизирање на спорот во функција на градење на добрососедски односи, како и отварање на простор за што поскоро интегрирање на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.“
Дел од домашните експерти, пак, се сомневаат дека претстојната средба
Мислам дека сега е една фаза на испитување на пулсот на двете страни, меѓутоа во секој случај Нимиц не ја свикува таа средба чисто формално, претпоставувам дека има некои идеи за одмрзнување на спорот.Димитар Мирчев,професор.