Фокус смета дека привршува американското трпение за „преродбениците“, а Глобус објавува дека директорот на МПМ Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк за 1,5 милиони долари.
Фокус - Груевски стана дел од незрелите светски диктатори
„Груевски стана дел од незрелите светски диктатори“ - со крупни букви на насловната страница објавува Фокус во својот двоброј, пренесувајќи ја во целост и статијата во престижниот Вашингтон пост под наслoв: „Млад и неподготвен да владее?“, во која главно се анализира наследникот на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун кој ќе биде најмладиот лидер кој некогаш имал моќ врз нуклеарен арсенал.
Во таа статија не се зборува за премиерот Груевски, само е објавена негова фотографија со поднаслов: „Моќен популист - Никола Груевски влезе во политиката на 26 години и стана македонски премиер на 35 години. Противниците го опишуваат како корумпиран, макијавелист и подготвен да ги уништи независните медиуми“. Неговата фотографија е објавена паралелно со онаа на кралот на Свазиленд, Мсвати 111, кој имал само 18 години кога бил крунисан за крал. Ова е повод и за уводничарот на Фокус, текстот да го наслови како „Новогодишна честитка од Вашингтон пост - Груевски стана дел од незрелите светски диктатори“, а во него, покрај другото да предвидува дека влијателниот американски весник што важи за близок до Белата куќа со тој текст испраќа необична порака - дека привршува трпението за „преродбениците“, но дека ќе биде лошо за нас ако помислиме дека некој однадвор ќе ја заврши нашата работа.
Глобус - Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк за речиси милион и пол долари
Електронското издание на Глобус има неколку интересни наслови: открива како неговите новинари, чепкајќи по интернетот за друга тема, откриле дека поранешниот шеф на македонската дипломатија и директор на вацовата Медиапринт Македонија, Срѓан Керим купил стан на Менхетен во Њујорк за речиси милион и пол долари и прашува од каде му се толкави пари на човек кој поголемиот дел од својот работен век го поминал како државен службеник.
Вториот текст под наслов: „Македонија ладна на имоти вредни милијарди евра“, анализира зошто државава секогаш е во фаза на „небранување“ или, пак, имало некакви транзициони тајкунски (под)сметки што нам дел од имотот во екс-СФРЈ ни го јаде волкот, што ќе рече многубројните одморалишта и деловни простории пропаѓаат или поради нашата небрежност ни се земени од другите поранешни југословенски републики. Истражувањето, пак, правено од Глобус уште пред неколку години покажало дека околу 30 илјади наши граѓани повремено или постојано вадат леб кај јужниот сосед, така што намалувањето на работни места во Грција ќе ја влоши и донмашната социјална слика, заклучува неделникот.

Моќен популист - Никола Груевски влезе во политиката на 26 години и стана македонски премиер на 35 години. Противниците го опишуваат како корумпиран, макијавелист и подготвен да ги уништи независните медиуми.Фокус пренесува од Вашингтон Пост.