Кумановецот Драган Петковски, пред 20 години позајмил пари од пријателите и започнал бизнис. Сега води мала фирма за компјутери со 15 вработени.
Драган Петковски-Диги (51) е еден од малубројните кумановци кој одбележува успешно дведецениско работење во малото стопанство. Фирмата чиј основач и сопственик е Диги се занимава со дејност од информатичката технологија, има 15 вработени, а во изминатиот период на транзицијата и покрај тешкотиите успевал да се справи со сите позитивни и негативни економски промени во државава.
Диги е и семеен човек, скромен, кој за себе малку зборува, но за кого сите што го познаваат или соработуваат изминатите години ја истакнуваат неговата коректност во работата. За својата фирма тој раскажува:
„Не сме строго, строго специјализирани. Работиме се што е поврзано со информатичката технологија, со компјутерите.“
РСЕ: Како е да се работи во денешното време?
„Со кого и да разговарате секој ќе се пожали. Не можеме сите да бидеме Бил Гејтс, но ако тоа е
чесно, отворено и коректно кон коминтентите може да се работи и да се заработи за една нормална живеачка и за вработените во фирмата.“
РСЕ: Како е да се работи во малото стопанство во 20-годишниот транзициски период?
„Ги поминавме сите фази и на нашиот грб ги почувствувавме сите фази од создавањето на Македонија. Ги поминавме фазата со ембарга, со
разни снаоѓања, со земјите околу нас не беше регулиран платниот промет, се плаќаше во кеш... Секоја година наваму работите се регулираат. Со воведување на ДДВ се скратија места каде што можеше да се работи на црно и фирмите кои работеа легално го почувствуваа тоа како квалитет. Државата вложува во IT технологија, самиот факт дека не се плаќа царина за компјутери и компјутерските делови, дека ДДВ е по овластена стапка од 5%, ние имаме скоро најевтини компјутери во цела Европа. Сега нема семејство без компјутер и тоа ни е како телефон, телевизор, нормална потреба.“
За својот почеток кога Диги не ни сонувал дека ќе одбележи 20 години во приватен бизнис тој се сеќава:
„Тогаш работев во државна фирма, а ова ми беше како хоби и како дополнителна дејност за дополнување на куќниот буџет. Работев со програмирање. Самото се покажа дека треба да имам фирма. На почетокот не ни сонував дека развојот на фирмата воопшто ќе оди во овој правец.Честопати како анегдота споменувам дека бизнисот го започнав со минус 200 германски марки. Регистрација на фирмата беше 400 марки, а јас во џебот имав само 200, поради што од пријателите позајмив уште 200 марки.“
РСЕ: Дали за бизнисот треба среќа?
„Среќата во секој случај, сепак јас на прво место би ја ставил коректноста. Ние сме мал пазар, мала средина во однос на глобалните мерки и секој со секого се познаваме, а коректна работа секогаш дава резултати. Ако се работи на кратки патеки може да се направат некои брзи заработки, поголеми добивки, ама сето тоа дава фитбек понатаму. Луѓето бргу дознаваат кој како и што работи и каков е квалитетот. Ако чесно се работи секоја работа дава нова и нова работа и развој. Можеби не е така брзо, но посигурно е.“
РСЕ: Имало ли разбирање од семејството, поддршка?
„Сум имал поддршка, а имало и проблеми кога ми префрлале дека не сум им посветил време. Во глобала можам да ги пофалам дека сепак имале разбирање и ми давале поддршка.“
Весна, сопругата на Диги е дипломиран економист, но за неговиот бизнис таа најчесто е најискрен критичар:
„За 20 години имало од се по нешто. Имало периоди кога навистина недостасувал, и кога го подржувавме и кога му се лутевме. Генерално ја имаше нашата поддршка, зашто сепак навечер бил тука. Преку ден успевал да наврати на 5 или на 10 минути. Далеку е од она кога некој е во странство. Ако некој треба да се посвети на бизнис најдобро е во своја земја, затоа што кај и да одиш навечер дома си доаѓаш. Некогаш и тој правеше компромис и се откажуваше од работа заради нас. Сега веќе почесто е со нас, ја остава фирмата сама да живее и јас сум задоволна од она што се случуваше.“
И покрај обврските Диги наоѓал време за семејството, за викендите, празниците, за годишните одмори.
„Генерално да. Договор ако има нема проблем. Јас никогаш не сум се почувствувала како запоставена жена-домаќинка, особено што навечер се консултираме за некои бизнис проблеми. Јас моето мислење од ракав го кажував, тој размислуваше и прифаќаше тоа што сметаше дека е добро. Најважно е разбирање и љубов. Љубов кон работата. Љубов кон се. Љубов кон човекот, работата. Јас не го доживував него како некој што треба да ми спечали и да ми донесе нешто дома. Тој не мора ништо да ми донесе, ама важно е тој да се врати. Може и ништо да не донесе, но него работата го исполнува. Тој фирмата покрај двете ќерки ја доживува како трето дете. Колку таа се издига,толку и ние се издигаме“, вели Весна.
Со кого и да разговарате секој ќе се пожали. Не можеме сите да бидеме Бил Гејтс, но ако тоа е чесно, отворено и коректно кон коминтентите може да се работи и да се заработи за една нормална живеачка и за вработените во фирмата.Драган Петковски-Диги, бизнисмен.
Диги е и семеен човек, скромен, кој за себе малку зборува, но за кого сите што го познаваат или соработуваат изминатите години ја истакнуваат неговата коректност во работата. За својата фирма тој раскажува:
„Не сме строго, строго специјализирани. Работиме се што е поврзано со информатичката технологија, со компјутерите.“
РСЕ: Како е да се работи во денешното време?
„Со кого и да разговарате секој ќе се пожали. Не можеме сите да бидеме Бил Гејтс, но ако тоа е
РСЕ: Како е да се работи во малото стопанство во 20-годишниот транзициски период?
„Ги поминавме сите фази и на нашиот грб ги почувствувавме сите фази од создавањето на Македонија. Ги поминавме фазата со ембарга, со
Тој фирмата покрај двете ќерки ја доживува како трето дете. Колку таа се издига, толку и ние се издигаме.Весна Петковска, сопруга на Драган.