Меморијалниот музеј во Смилево месечно го посетуваат само по дваесетина луѓе. Граѓаните имаат мал интерес да ја посетат родната куќа на Даме Груев.
Слаба е посетеноста на Меморијалниот музеј во револуционерно село Смилево каде на познатиот Смилевски конгрес била донесена одлуката за подигање на Илинденското востание, а селото во 1903 година било ослободено од турската власт 25 дена.
Музејот беше отворен пред седум години, а во него се изложени стотици историски експонати. Меѓу нив - етнолошка соба со носии, спомен соба за револуционерот Даме Груев, за Смилевскиот конгрес, како и за партизанскиот одред кој го носел името на еден од основачите на историското ВМРО, востаникот Груев. Одржувачите на музејот велат дека, иако сето ова е дел од македонската историја, во последно време тука слабо навраќаат и ученици.
„Посетеноста во првите неколку години беше поголема, сега е многу послабо. Се прават напори со писма до основните и средни училишта за да имаме поголема
посетеност. Месечно ако немаученици бројката е многу мала од 20 до 30 лица“, вели Ѓорги Коштревски, одржувач на Меморијалниот музеј.
Во селото се наоѓа и гробот на Даме Груев, чии посмртни останки биле пренесени тука пред четири децении. Се уште постои неговата родна куќа, во која за жал од спомените за него сочувана е само една негова слика. Понатаму во селото поставена е спомен плоча за Смилевскиот конгрес, иако се уште постајат дилеми каде точно се одржал. Ова е еден од најубавите краиша во демирхисарско со живописна природа, опкружен од сите страни со манастири, но руралниот туризам се уште е во зачеток.
„Имаме отворено селска куќа за развој на селски туризам. Но, и таа не профункционра, немаше некоја реклама поголема и не доби на популарност. Во минатото можеби бил подзаборавен ликот и делото на Даме Груев, но сега се повеќе се афирмира, па очекуваме во следниот преиод се повеќе да се издигнува“, додава Коштревски.
Од отворањето на Меморијалниот музеј до денес не е откупен ниту еден друг историски експонат од веќе изложените.
Посетеноста во првите неколку години беше поголема, сега е многу послабо. Се прават напори со писма до основните и средни училишта за да имаме поголема посетеност. Месечно ако нема ученици бројката е многу мала од 20 до 30 лица.Ѓорги Коштревски, одржувач на Меморијалниот музеј.