Достапни линкови

Најмалиот етно музеј слави јубилеј


Најмалиот етно музеј во светот во тетовското село Џепчиште. Фото Тв Кис.
Најмалиот етно музеј во светот во тетовското село Џепчиште. Фото Тв Кис.

Најмалиот етно музеј во светот сместен во тетовско Џепчиште ова лето го одбележува 20-тиот роденден.

Во музејот, сопстевност на Симеон Златев - Моне, на само седум метри квадратни, живее минатото. Тука тој има изложено околу 2.000 предмети, фотографии, носии, оружје, украси, садови, алати, секој со своја приказна за потеклото, традицијата и фолклорот.

„Ексклузивен предмет на некој начин е ковчегот од кожа од камила од 1896 година, предметите од Благуно Дејче Пожаранче, нашата убавица, тоа се бакарни предмети донирани од нејзиното семејство, има материјали околу 30 видови на сребро, бакар, железо, дрво, керамика итн. Нема злато, а се е злато.“

„Ексклузивен предмет на некој начин е ковчегот од кожа од камила од 1896 година, предметите од Благуно Дејче Пожаранче, нашата убавица, тоа се бакарни предмети донирани од нејзиното семејство, има материјали околу 30 видови на сребро, бакар, железо, дрво, керамика итн. Нема злато, а се е злато.

Во овие две децении, музејот од 7,2 метри квадратни го посетиле над 15 илјади луѓе од целиот свет, кои ги виделе над двете илјади експонати.

„Професори и студенти од Архитектонскиот факултет кои што ги цртаат на свој начин некои предмети кои повеќе ги нема и изумираат. Неколку семинарски работи на факултетите се обработени и дури две дипломски работи на Природно-математичкиот факултет на тема „Најмалиот етно музеј во светот.“
x

Традицијата и фолклорот се многу битни за еден народ, зошто без корени не сме ништо. Она што е неопходно поголема промоција на ваквите објекти како дел од нашето културно наследство, изјави Симеон Златев Моне:

„Да се направи веб страница за да може да бидат достапно на целиот свет, тоа можеби треба да се направи, интернет промоција и тогаш можеби би добиле одговори за некои предмети кои заталкале тука случано.“

Најмалиот етнолошки музеј во светот, со експонати од 8 и од 5 век п.н.е. до почетокот на минатиот век, конкурира во Гинисовата книга на рекорди и има огромни шанси да се најде во неа.
XS
SM
MD
LG