Македонија треба да понуди решение за името

Архивска фотографија: преговарачот Зоран Јолевски, претседателот Ѓорге Иванов и медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Македонија има суштинска потреба од надминување на спорот за името. Затоа треба да настапи со појасни и со поангажирани иницијативи, велат домашните експерти.
Она што им го порача на амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност, шефот на државава Ѓорѓе Иванов има намера во наредниов период да им го порача и на амбасадорите на земјите членки на НАТО во Македонија, почитување и ефективна примена на времената спогодба, информираат од неговиот кабинет, а во функција на претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.
И се тоа зависи од нашата умешност, политичкото лобирање е најзначајно во овој момент, постојано да се преставува нашата страна и нормално една посилна дефиниција на македонските црвени линии.
Владимир Божиновски, политиколог.

Јасни се дипломатските обиди и на останатите надлежни институции да се порача до европските претставници да се почитува одлуката на меѓународниот суд исто колку што беа јасни и нивните експресни пораки дека на пресудата треба да се гледа како на охрабрување да се удвојат напорите за побрзо решавање на спорот за името.

Медијаторот Нимиц се огласи со порака до двете страни во спорот во контекст на донесената пресуда да ги удвојат напорите и иницијативите за доаѓање до конечно решение во спорот.

Медијаторот Нимиц порача двете страни да ги удвојат напорите за доаѓање до конечно решение.


Она што треба да биде јасно за Македонија, велат домашните експерти, е дека Македонија има суштинска потреба од негово надминување па според тоа во ваквата ситуација треба да настапи со појасни и со поангажирани иницијативи.

„И се тоа зависи од нашата умешност, политичкото лобирање е најзначајно во овој момент, постојано да се преставува нашата страна и нормално една посилна дефиниција на македонските црвени линии“, вели политикологот Владимир Божиновски.

Поволната позиција треба да ја користи така што самата мора да ги интензивира преговорите, да има конкретно решение и да има конкретен предлог.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.
Позицијата на професорот Мерсел Биљали е дека Македонија мора конечно, особено кога се наоѓа барем во психолошки и морално поволна позиција, да даде конкретен предлог како го гледа решавањето на спорот за името.

„Поволната позиција треба да ја користи така што самата мора да ги интензивира преговорите, да има конкретно решение и да има конкретен предлог. Втората варијанта е исто со дипломатска активност да бара со остапка некоја или изјава дека ќе се реши името барем да влеземе во НАТО на чикашкиот Самит. Значи да се одвои ЕУ од НАТО“, изјави Биљали.

Од Македонското МНР засега само упатуваат на своите досегашни позиции, остануваме отворени за интензивирање на преговорите со Грција, но на медијатиорот Нимиц е да иницира средби на што додаваат и дека добра воља и иницијативност за надминување на долгогодишниот спор треба да покаже и другата страна. Во наредниот период ќе се интензивираат активностите на македонската дипломатија за промовирање на хашката пресуда велат од Министерството.