Рускиот премиер Владимир Путин ја прифати номинацијата на партијата Обединета Русија да биде кандидат за претседател на изборите догодина.
Рускиот премиер Владимир Путин ја прифати номинацијата на партијата Обединета Русија да биде кандидат за претседател на наредните избори. Пред делегатите на конгресот, Путин изјави дека им е благодарен на оние кои ја поддржуваат неговата кандидатура:
„Со благодарност го прифаќам овој предлог“, рече Путин.
Филмскиот режисер Станислав Говурукин претходно на конгресот го предложи Путин за кандидат за претседател на Русија. Обраќајќи се пред делегатите на конгресот, Говуркин рече:
„На Русија и треба лидер, способен, силен, интелегентен, способен не само да ги брани правата и слободите на граѓаните, туку и да ги потсети на нивните одговорности и да ги присили да ги исполнат обврските, пред се најсветата обврска – да ги почитуваат законите на Руската федерација.“
За на крај, Говуркин да поентира:
„Ние имаме таков човек – Владимир Владимирович Путин.“
Актуелниот претседател Дмитриј Медведев, зборувајќи на конгресот рече дека Путин е „најпопуларен, искусен и успешен политичар во Русија“.
Медведев ги повика Русите да гласаат за партијата Обединета Русија на парламентарните избори на 4 декември.
Претседателските избори во Русија треба да се одржат во март 2012 година.