Достапни линкови

Политичко шоу на Обединета Русија


Во Русија има седум регистрирани партии кои веќе најавија дека ќе учествуваат на парламентарните избори на 4 декември. Партијата Обединета Русија, предводена од премиерот Владимир Путин, ќе се обиде да го задржи мнозинството во Думата. Оваа партија веќе ги избра нејзините кандидати, а кон крајот на септември во Москва ќе одржи годишен конгрес.

Рускиот претседател Дмитри Медведев го потпиша декретот со што на 4 декември годинава ќе се одржат избори за Државната Дума, односно долниот дом на парламентот.

„Мислам дека во последните неколку години, заедно со парламентарното мнозинство, всушност сите партии учетвуваа во тоа, успеавме да го подобриме квалитетот на демократијата.“


Претходно, владејачката Обединета Русија одржа прелиминарни избори на нејзините кандидати на изборите.

Јавниот дел од изборот беше малку поинаков од сличниот процес пред четири години. Во октомври 2008 година, кога Владимир Путин објави дека сака да стане премиер откако истече неговиот последен претседателски мандат, партијата одржа раскошна конференција на која во советски манир му беше оддадено признание. Без оглед што Путин кој сега ја раководи партијата, тогаш одби да стане нејзин член.
На прелиминарните избори на Обединета Русија нема дебати, расправија или дискусија. Уште повеќе што партијата тврди дека има милион членови, но поради некои причини само 200 илјади од нив имаат право да гласаат.


Минатата недела Обединета Русија ги презентираше своите кандидати. Меѓу нив и шефот на Здружението на возачите, Вјачислав Лисаков:

„Ниту една друга партија не дозволува ваква отворена конкуренција, ниту пак тоа ќе го посака. Бидејќи кога излегувате надвор меѓу луѓето, тие гледаат кој сте вие.“

Другите учесници не беа толку сигурни. Обвинувањата за корупција и за наместени гласања веќе се проширија низ земјата.

Во Владивосток на Далечниот Исток, бројачите на гласови се пожалија до локалните медиуми дека некои избирачки кутии биле претходно наполнети.


Членот на Обединета Русија Владимир Михалков на Интернет објави видео на кое го обвинува Путин за сериозни нарушувања:

„На гласачите им беа дадени готови листи со имиња на кандидатите. Во партискиот весник на еден кандидат му беше даден простор за големо интервју, а за мене беа напишани лаги.“

Михалков вели дека полицијата тајно му ја претресла канцеларијата и оти партсикото раководство побарало од него тој да не се жали.
Ниту една друга партија не дозволува ваква отворена конкуренција, ниту пак тоа ќе го посака. Бидејќи кога излегувате надвор меѓу луѓето, тие гледаат кој сте.

Обединета Русија која има 315 од 450 места во Думата ги спроведе партиските избори заедно со Серускиот народен фронт, нова организација што Путин ја инаугурира во мај од повеќе неполитички групи за да и помогнат на Обединета Русија да го поправи рејтингот.

Посматрачите, на партискиот избор, гледаат како на шоу кое треба да ја замаскира авторитарната природа на партијата.

Аналитичарот Михаел Тулски вели дека тие немаат врска со партиските избори на кандидатите во Соединетите Држави.

„На прелиминарните избори на Обединета Русија нема дебати, расправија или дискусија. Уште повеќе што партијата тврди дека има милион членови, но поради некои причини само 200 илјади од нив имаат право да гласаат.“

На почетокот на месецов, Обединета Русија најави многу познати личности кои ќе земат учество на изборите, меѓу нив шахистот Анатолиј Карпов, космонаутката Валентина Терешкова и тениската ѕвезда Марат Сафин.

Изборите за Думата доаѓаат на околу три месеци пред претседателските избори во Русија.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG