Достапни линкови

Пазарите не веруваат во демократија


Анализа на Гардијан на прашањето: Зошто демократскиот свет многу полошо се справува со економската криза отколку земјите со авторитарна власт?

Како историчарите ќе ја паметат 2011, година која според сатиричарите, веќе ги истроши сите резерви на вести и за идната декада. Некои се прашуваат дали Арапските револуции ја ставаат 2011 на исто ниво со 1917 кога се распадна Отоманската империја. Можеби оваа година е слична со европските пресврти во 1848 и 1989 година.
Или пак станува збор за друга приказна во која 2011 ќе се памети како година кога во еден дел на светот се бараше демократија, додека во преостанатиот дел таа беше парализирана и немоќна поради економската криза, пишува во анализата објавена во Гардијан во која се прецизира дека тоа е највидливо во Грција и Италија каде што избраните лидери се тргнати настрана од технократи и поправачи.

Нивната мисија вклучува предавање на голем дел од економскиот суверенитет, отргнувајќи ги одлуките за тоа надвор од дофатот на сопствените граѓани. Она што сега им се случува на Грците и Италијанците, наскоро може да им се случи на другите земји во еврозоната и да ја жртвуваат автономијата за да ја спасат нивната економска кожа.

Немоќ на демократските лидери

Се чини дека демократските лидери се безмоќни да се справат со глобалните кризи. Таквата слабост особено беше видлива на самитот на Г20 во Кан. Уште повеќе што лидерите во авторитарните земји како Кина, Русија, Сингапур и Саудиска Арабија таму настапија со самодоверба дека можат да се соочат со каква и да е економска криза. Па зошто демократскиот свет се справува полошо?

Да почнеме со штедењето. „Сакате да ми кажете дека успехот на мојата програма и на мојот реизбор виси на Федералните резерви и на куп берзански трговци“, им изјави Бил Клинтон пред две децении на неговите советници кои му рекле да ги скастри економските планови.
Владимир Путин е најмоќното живо суштество во светот.Тој може да ја промени земјата за пет пари без за тоа да биде деморатски проверуван.
Јан Бремер,политички научник.


Значи, лидерите кои треба да се соочат со гласачите не можат да наметнат штедење без да платат цена за тоа, без оглед дали станува збор за немири во Атина, протести во Мадрид и кампирање во Лондон и Њујорк.


Кина и Русија засега недопирливи

Ништо од овие главоболки не ги притискаат мајсторите во Пекинг или Москва.

„Владимир Путин е најмоќното живо суштество во светот“, вели политичкиот научник Јан Бремер додавајќи:
„Тој може да ја промени земјата за пет пари без за тоа да биде деморатски проверуван“.

Слично, и кинеските владари можат за секунда да ги свртат националните буџетски приоритети. Проблемот со демократската слабост не е предизвикан од економската криза. Таа всушност само го откри.
Нашата повоена приказна беше дека демократијата е најдобар можен систем и оти ги носи најдобрите можни резултати за мир и просперитет. Долго верувавме дека авторитарните системи се осудени на паѓање, бидејќи не можат да се адаптираат, како што беше случајот со стариот Советски сојуз. Но, Кина тоа го демантира, употребувајќи некои демократски техники за да ги избегне потезите кои можат да предизвикаат социјални немири. Некои тој систем веќе го нарекуваат Советодавна диктатура. Сепак, на крајот демократијата ќе ја покаже својата природна сила. Путиновото царско владеење како и она на саудиското кралско семејство е поврзано со црпењето на богатствата од земјата кое не може да трае засекогаш. Тогаш ќе се покаже дека луѓето, а не пазарите се оние што владеат, се наведува во анализата објавена во Гардијан.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG