Соработка за реализација на проекти од интерес на граѓаните меѓу локалната власт од Куманово од опозиционата СДСМ и централната власт.
Сдсмовската локална власт во Куманово најчесто упатува критики и забелешки до централната власт. Критики има и од централата кон локалната самоуправа, но обиди и посредување на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за надминување на проблемот помеѓу двете претпријатија за водоснабдувањето на градот „Водовод“ и „Водостопанство“, како и договори за понатамошна соработка и реализација на проекти во Куманово, според градоначалникот Зоран Дамјановски е со позитивна оценка, а во интерес на граѓаните. Затоа работната средба на министерот Јанакиевски според Дамјановски е:
„Станува збор за проектот на Европска банка за Македонија за водоводна и канализациона инфраструктурна мрежа, за земјиште и менаџирање со земјиште. И за новиот проект за патишта.“
Министерот Јанакиески вели дека Општината Куманово со одлука на Владата на РМ добила три ипол милиони евра од средствата на Европската инвестициона банка за изградба и подобрување на инфраструктурата, изградба на базен. Целта е во блиска иднина да се реализираат овие проекти.
„Во Општината Куманово, очекувам во наредниот период да се реализираат овие проекти. Куманово очекувам ќе ја донесе програмата за управување со градежното земјиште, но и за легализација на диво изградените објекти, бидејќи општината Куманово е меѓу оние кои имаат најголем број диво изградени објекти.“
Кон крајот на наредната година планирана е реконструкција и изградба на пругата кон Коридорот 8, пругата Куманово-Бељаковце, а 2014-та година пругата кон Бугарија, што ќе ја подобри ситуацијата на Општината Куманово, но и на целата Македонија.
„Оваа година ќе се преземат мерки за идната година да се изврши и реконструкција на пругата Куманово-Табановце, дел од Коридорот 10.“
„Гледам да имам добра соработка со сите општини. Општините се тие кои го испорачуваат финалниот производ кон граѓаните, а со тоа се подобрува и нивниот животен стандард. Процесот на децентрализацијата со управување со градежно земјиште исто така ќе го олесни животот на граѓаните и компаниите. И со Европската инвестициона банка за изградба на водоводни и канализациони мрежи и реконструкција и изградба на локални патни правци, во Куманово се предвидени шест патни правци. Можам да кажам дека во најголем дел имам добра соработка со градоначаниците. Доколку Владата не го отстапеше земјиштето на Општината Куманово немаше да започне изградба на базенот.“
„На релација локална самоуправа и министерот за транспорт и врски до сега во мојата пракса е најдобра комуникација. Со министерот имаме добра соработка. Можеби тоа се компатибилни психички профили на двете индивидуи. Мислам дека оваа соработка ќе продолжи бидејќи овие проекти се каузално поврзани. Не може да функционира ниту проектот од Светска ниту од Европска Инвестициона банка, ако двете работи не се споени во насока на менаџирање. Ако продолжиме така мислам дека ќе имаме успех и развој во градот, особено во инфраструктурните проекти“, вели Дамјановски.
Станува збор за проектот на Европска банка за Македонија за водоводна и канализациона инфраструктурна мрежа, за земјиште и менаџирање со земјиште. И за новиот проект за патишта.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
„Станува збор за проектот на Европска банка за Македонија за водоводна и канализациона инфраструктурна мрежа, за земјиште и менаџирање со земјиште. И за новиот проект за патишта.“
Министерот Јанакиески вели дека Општината Куманово со одлука на Владата на РМ добила три ипол милиони евра од средствата на Европската инвестициона банка за изградба и подобрување на инфраструктурата, изградба на базен. Целта е во блиска иднина да се реализираат овие проекти.
„Во Општината Куманово, очекувам во наредниот период да се реализираат овие проекти. Куманово очекувам ќе ја донесе програмата за управување со градежното земјиште, но и за легализација на диво изградените објекти, бидејќи општината Куманово е меѓу оние кои имаат најголем број диво изградени објекти.“
Оваа година ќе се преземат мерки за идната година да се изврши и реконструкција на пругата Куманово-Табановце, дел од Коридорот 10.Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Кон крајот на наредната година планирана е реконструкција и изградба на пругата кон Коридорот 8, пругата Куманово-Бељаковце, а 2014-та година пругата кон Бугарија, што ќе ја подобри ситуацијата на Општината Куманово, но и на целата Македонија.
„Оваа година ќе се преземат мерки за идната година да се изврши и реконструкција на пругата Куманово-Табановце, дел од Коридорот 10.“
РСЕ: Господине Јанакиески, каква е соработката на министерството со нашата локална самоуправа?
„Гледам да имам добра соработка со сите општини. Општините се тие кои го испорачуваат финалниот производ кон граѓаните, а со тоа се подобрува и нивниот животен стандард. Процесот на децентрализацијата со управување со градежно земјиште исто така ќе го олесни животот на граѓаните и компаниите. И со Европската инвестициона банка за изградба на водоводни и канализациони мрежи и реконструкција и изградба на локални патни правци, во Куманово се предвидени шест патни правци. Можам да кажам дека во најголем дел имам добра соработка со градоначаниците. Доколку Владата не го отстапеше земјиштето на Општината Куманово немаше да започне изградба на базенот.“
РСЕ: Господине Дамјановски, задоволни ли сте од соработката со министерот за транспорт и врски?