Најмногу пари од буџетот за 2012 година се планираат за социјални бенефиции, додека развојната компонента не e доволно застапена, велат економистите.
Најмногу пари од предложениот Буџет за догодина ќе се трошат за социјални бенефиции, меѓу кои спаѓаат социјалните надоместоци, плаќањата и бенефициите од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и плаќања и надоместоци од Фондот за здравствено осигурување, покажуваат бројките. Упатените забележуваат дека за догодина се планирани повеќе капитални расходи, но додаваат дека учеството на овие расходи во вкупната буџетска структура е мало.
Дали власта предлага социјален Буџет за одржување на скапа држава, во која се трошат најмногу пари за плати и пензии? Универзитетскиот професор Брикенд Азири вели дека од 2006 година до денес учеството на капиталните расходи е ограничено.
„Развојните програми се многу малку застапени и се добива впечаток дека многу малку се опфаќаат систематски теми. Еден од факторите за малото учество на капиталните расходи во структурата на расходите е и фактот дека ние го имаме тоа што може да се нарече скапа држава или скапи институции.“
Со предложениот Буџет за 2012 се планираат околу 437 милиони евра капитални расходи, вели Азири:
„Меѓутоа ова е предлог буџет и се разбира дека според практиката од минатите години веројатно ќе се случи ребаланс и веројатно со тој ребаланс на Буџетот ќе се скратат понатаму капиталните инвестиции имајќи го предвид фактот дека многу ограничени би биле можностите за кратење на останатите буџетски ставки.“
Она што треба да се забележи е дека во предлог-буџетот за 2012 година има зголемување на планираните капитални расходи за 26 проценти во споредба со овогодинешниот буџет, вели професор Крсте Шајновски:
„Тоа секако е за поздравување, но мислам дека треба да внимаваме на фактот дека без создавање на поволна бизнис клима не можеме да зборуваме за развоен буџет затоа што, иако пресметките се дека со овие капитални инвестиции, БДП возможно е да регистира раст од 8%, тоа е така, но само до моментот додека инвестираме во изградбата на овие капитални инвестиции.“
Капиталните инвестиции носат раст само доколку се ангажираат градежни компании и фирмите околу нив, вели Шајновски:
„Со завршувањето на изградбата на капиталните инвестиции доколку нема бизниси кои ќе можат да ги користат овие капитални инвестиции тие едноставно претставуваат трошок за економијата, затоа посочувам, многу е битно капиталните инвестиции кои во овој момент односно оваа година регистрираат раст во Буџетот да одат паралелно со создавањето на бизнис клима во македонската економија.“
Инаку во предложениот распоред на приходите и расходите од народната каса за догодина се забележува и благо зголемување на трошоците за плати и надоместоци како и за субвенции и трансфери.
Развојните програми се многу малку застапени. Еден од факторите за малото учество на капиталните расходи во структурата на расходите е и фактот дека ние го имаме тоа што може да се нарече скапа држава или скапи институции.Брикенд Азири, универзитетски професор.
Дали власта предлага социјален Буџет за одржување на скапа држава, во која се трошат најмногу пари за плати и пензии? Универзитетскиот професор Брикенд Азири вели дека од 2006 година до денес учеството на капиталните расходи е ограничено.
„Развојните програми се многу малку застапени и се добива впечаток дека многу малку се опфаќаат систематски теми. Еден од факторите за малото учество на капиталните расходи во структурата на расходите е и фактот дека ние го имаме тоа што може да се нарече скапа држава или скапи институции.“
Со предложениот Буџет за 2012 се планираат околу 437 милиони евра капитални расходи, вели Азири:
„Меѓутоа ова е предлог буџет и се разбира дека според практиката од минатите години веројатно ќе се случи ребаланс и веројатно со тој ребаланс на Буџетот ќе се скратат понатаму капиталните инвестиции имајќи го предвид фактот дека многу ограничени би биле можностите за кратење на останатите буџетски ставки.“
Мислам дека треба да внимаваме на фактот дека без создавање на поволна бизнис клима не можеме да зборуваме за развоен буџет.Крсте Шајноски, универзитетски професор.