Анализи, па кривична

Антикорупциската комисија најави покренување на иницијатива за кривично гонење на СДСМ поради нерегуларности при поднесувањето на финансиски извештај за изборите

Потребни се подетални информации и анализи од повеќе надлежни институции пред евентуално покренување на кривична постапка против СДСМ, сметаат експертите.
Потребни се информации од повеќе надлежни институции со цел да се покрене кривичната постапка против СДСМ која во својата информација ја препорачува Државната комисија за спречување корупција, велат упатените.

Ако таму во извештајот на Државниот завод за ревизија има да речеме некаква злоупотреба или некое дело што се казнува со закон, тогаш може преку обвинителството да се побара да се гонат политичките партии
Ариф Муса, поранешен член на Антикорупциската комисија
Поранешниот член на Антикорупциската комисија Ариф Муса вели дека за да се утврди евентуална потреба за кривично гонење, потребен е извештај од државниот ревизор:

„Значи тие прават ревизија на конкретните документи, значи според јазикот на тие документи го прават извештајот, ако таму во извештајот на Државниот завод за ревизија има да речеме некаква злоупотреба или некое дело што се казнува со закон, тогаш може преку обвинителството да се побара да се гонат политичките партии.“

Препораката на Антикорупциска паѓа во очи, смета професорот Осман Кадриу:

Претседателот на државната Комисија за спречување корупција, Воислав Зафировски


„И доста е симптоматично дека Комисијата доаѓа до некоја констатација дека кривична пријава треба да се поднесе само против една политичка партија која сега е во опозиција и поранешната медиумска куќа А1, а дека кај сите други политички партии работата била ОК.“

Независно дали има пристрасност, дали има некоја цел политичка цел за некаков политички реваншизам, а по се изгледа дека има и такви индикации, на крајот треба да се произнесе надлежниот суд
Осман Кадриу, универзитетски професор
Покрај се`, останува да се види како ќе реагираат надлежните институции, додава Кадриу:

„Независно дали има пристрасност, дали има политичка волја, дали има некоја политичка цел или цел за некаков политички реваншизам, а по се изгледа дека има и такви индикации, на крајот треба да се произнесе надлежниот суд и сметам дека вака како што е презентирано и со тие показатели што се дадени, не верувам дека ќе има место за кривично гонење, кривична постапка или кривично-правна одговорност.“

Инаку во информацијата од Антикорупциската комисија се забележуваат разлики во приходите и расходите на повеќе политички партии, но во документот се дава препорака за кривично гонење само на најголемата опозициска партија со коалициските партнери.