Достапни линкови

Партиите нетранспарентни за финансиите


Или
Или

Институции „водат борба“ со политичките партии за да достават извештај за финансирањето на изборната кампања. Други пак трошеле повеќе од приливот.

Неколку партии повторно не доставија извештаи до Антикорупциска за финансирањето на изборните кампањи, а други пак повторно потрошиле повеќе отколку што имале прилив на нивните сметки отворени за таа намена. Според експертите потребни се построги мерки за сите партии кои го прекршиле изборниот законик. Антикорупциска поднесе кривични пријави за Обединети за Македонија СДПМ, НДУ и ПДП. Додека за
Важечките прописи во Македонија се добро уредени меѓутоа законските санкции се според наше мислење, премали. Ние бараме да се заостри политиката кон овој тип на прекршоци да се бараат и правни и физички лица коишто ќе одговараат за тоа

ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и Подем констатираше дека и во втората половина од предизборието немаат покритие за потрошените пари. Поранешниот антикорупционер Сашо Ордановски вели дека еден од главните извори на корупција во земјава се политичките партии, што доаѓа до израз за време на политичките кампањи.

„Важечките прописи во Македонија се добро уредени меѓутоа законските санкции се според наше мислење, премали. Ние бараме да се заостри политиката кон овој тип на прекршоци да се бараат и правни и физички лица коишто ќе одговараат за тоа.“

И претседателот на Транспарентност Интернешнел за Македонија, Слаѓана Тасева вели дека не е доволно партиите само да ја платат предвидената казна, а за тоа треба да реагираат надлежните институции.

„За да се воведат поголеми санкции се разбира, институциите. Од Министерството за правда до Собранието. Но, во однос на тоа од каде се парите што се трошат, тука треба да се вклучат другите институции.“

Еден од проблемите на Антикорупциска е тоа што не им се доставени ниту податоците за платеното рекламирање на политичките партии во електронските медиуми. Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефновски вели дека конечниот извештај дури сега бил завршен.

„Сите активности на СРД во врска со мерења на податоците беа објавени
За да се воведат поголеми санкции се разбира, институциите. Од Министерството за правда до Собранието. Но, во однос на тоа од каде се парите што се трошат, тука треба да се вклучат другите институции

на 11 ден односно на половина од кампањата и беа денеска во конечниот извештај. Ние денеска завршивме, бидејќи имавме голем дел работа и веќе се на нашата интернет страница.“

Антикорупциска побарала и банковни изводи на сметките на политичките партии од 16 мај до 3 јуни за да се констатираат вистинските извори на финансирање и неправилностите за време на предизборната кампања.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG