Достапни линкови

Партиите ги кријат финансиерите?


Партиските финансиери добро чувана тајна?
Партиските финансиери добро чувана тајна?

Ликуваат дека тие се транспарентни, а другите не се, но речиси ниту една од партиите, не ги открива изворите на финансирање.

Политичките партии тврдат дека се финансираат со парите од нивното членство и како и секогаш ветуваат дека ќе ги почитуваат законите и правилата за финансирање на партии за време на избори. Експертите се сомневаат во тоа. Велат дека во уредувањето на начинот на кој се финансираат партиите постои двојство и оти законите имаат правна празнина
Сите луѓе кои што ја помогнаа НСДП ги истакнавме на нашата интернет страница, и после тоа имаше страшна кампања против тие луѓе. Да ви кажам искрено сега не ми паѓа напамет такво нешто да правам.
со која им се допуштаат и злоупотреби на правилата за финансирање, а тие што ги почитуваат може и да настрадаат.

Тито Петковски од НСДП вели дека по искуството што го имале по изборите во 2006 кога го испочитувале законот и транспарентно објавиле кои се нивните извори на финансирање, следувале негативни последици.

„Сите луѓе кои што ја помогнаа НСДП, онака како што пропишува законот ги истакнавме на нашата интернет страница, сумата што ја дале, вкупното членство итн., и после тоа имаше страшна кампања против тие луѓе кои што беа споменати дека ја помогнале кампањата на НСДП. Да ви кажам искрено сега не ми паѓа напамет такво нешто да правам, да не ги упропастиме луѓето.“

Кои се другите субјекти што ги финансираат партиите освен чланарината?

Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ вели дека во Македонија постои општо мислење дека има елементи на корупција во начинот на кој што се финансираат партиите, но додава дека ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и дека ги почитува сите законски одредби за финансирање на партиите.

„Па во принцип, ВМРО-ДПМНЕ се финансира од членарина, меѓутоа јас не сум тој којшто директно се занимава со овој сегмент од работењето на партијата и не можам директно да ви посочам, меѓутоа она што јас го знам е дека ВМРО-ДПМНЕ се финансира претежно од членарина.“
ВМРО-ДПМНЕ се финансира од членарина, меѓутоа јас не сум тој којшто директно се занимава со овој сегмент од работењето на партијата и не можам директно да ви
посочам.

Тахир Хани од ДУИ вели дека досега немало транспарентно прикажување на реалните приходи на ни една политичка партија во предизборната кампања и не очекува многу да се подобрат работите во оваа област, но се надева на мали подобрувања и почитувања на законите.

,,Јас не сум член на Изборниот штаб на ДУИ. Секоја партија прима финансиска поддршка од членството, од разни субјекти, но битно е дека ДУИ мора да покажува тие средства.“

Портпаролот на Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека партијата се спонзорира од членството и ќе ги почитува правилата, но се сомнева дека другите ќе го направат истото и бара поголема контрола од институциите:

„Нема транспарентност во тоа што гледаме дека на две-три недели пред изборната кампања низ целата држава нешто се гради, институциите им префрлаат пари на фирмите за да градат, така што остава простор за да се сомневаме.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG