Барање за покренување на прекршочна пријава ќе се поднесе за СДСМ, додека за сите останати проверете ја информацијата на интернет страницата – ова е дел од резимето на прес конференцијата кое го
понудија членовите на Државната комисија за спречување корупција. На инсистирање на новинарите, претседателот на организацијата Воислав Зафировски потврди дека единствена иницијатива за кривична одговорност ќе се покрене против опозицијата.
„За кривично гонење ќе се покрене иницијатива за СДСМ, се разбира за нерегуларностите и незаконитоста во поглед на поднесувањето на финансискиот извештај. Тоа е единствената инцијатива за кривично гонење што ќе ја поднесеме ние.“
Судејќи по изнесеното во ставката „Вкупни финансиски извештаи за финансирање на изборната кампања“, евидентно е дека Антикорупциска има сериозни сомнежи за ненаменско трошење средства само за опозициската СДСМ. Таквите сомнежи не се изразуваат во прегледите на трошоците за другите политички партии, и покрај тоа што евидентирано е дека постојат разлики меѓу приходите и расходите.
За пример, во прегледот на финансиите на владеачката ВМРО – ДПМНЕ со коалициските партнери, државната институција забележува дека биле потрошени 204.301.893 денари повеќе од прибраното. Се забележува дека „разликата меѓу прибраните сретства и направените расходи за време на кампањата е голема“ по што не се препорачува натамошна ревизија.
За сите политички партии потребно е да се утврди како настанала разликата помеѓу прибраното и потрошеното, објаснува првиот човек на „Transparency International“ во Македонија Слаѓана Тасева:
„Значи не смее да се остави ова вака отворено прашање само да се констатира дека потрошиле повеќе од прибраните средства затоа што тоа ќе треба дополнително да се надоместува, а за финансирање на партиите постојат и други правила.“
Антикорупциска заклучува дека при изборниот процес немало злоупотреба на народните пари. Сепак откако претседателот на Комисијата Зафировски ги презентираше препораките до Собранието, се чини дека можноста за злоупотреба на јавните пари можеби постоела, што можно е да фрли сенка на заклучокот дека парите на народот не се злоупотребиле за партиски цели:
„Да се преиспита рамката на максимално дозволениот лимит за финансирање на изборна кампања бидејќи постојната рамка е висока, а обемот на создадени обврски во голема мерка не се плаќа со што не се отстрануваат можностите за непродуктивни трошења на јавните средства од страна на политичките партии, се релативизираат контролните механизми и се уриваат нормите за законско финансирање на изборната кампања.“
За кривично гонење ќе се покрене иницијатива за СДСМ, се разбира за нерегуларностите и незаконитоста во поглед на поднесувањето на финансискиот извештај. Тоа е единствената инцијатива за кривично гонење што ќе ја поднесемеВоислав Зафировски, претседател на Антикорупциската комисија
понудија членовите на Државната комисија за спречување корупција. На инсистирање на новинарите, претседателот на организацијата Воислав Зафировски потврди дека единствена иницијатива за кривична одговорност ќе се покрене против опозицијата.
„За кривично гонење ќе се покрене иницијатива за СДСМ, се разбира за нерегуларностите и незаконитоста во поглед на поднесувањето на финансискиот извештај. Тоа е единствената инцијатива за кривично гонење што ќе ја поднесеме ние.“
Судејќи по изнесеното во ставката „Вкупни финансиски извештаи за финансирање на изборната кампања“, евидентно е дека Антикорупциска има сериозни сомнежи за ненаменско трошење средства само за опозициската СДСМ. Таквите сомнежи не се изразуваат во прегледите на трошоците за другите политички партии, и покрај тоа што евидентирано е дека постојат разлики меѓу приходите и расходите.
За пример, во прегледот на финансиите на владеачката ВМРО – ДПМНЕ со коалициските партнери, државната институција забележува дека биле потрошени 204.301.893 денари повеќе од прибраното. Се забележува дека „разликата меѓу прибраните сретства и направените расходи за време на кампањата е голема“ по што не се препорачува натамошна ревизија.
Значи не смее да се остави ова вака отворено прашање само да се констатира дека потрошиле повеќе од прибраните средства затоа што тоа ќе треба дополнително да се надоместува, а за финансирање на партиите постојат и други правилаСлаѓана Тасева, „Transparency International“ - Македонија