Политичките партии кои за предизборната кампања потрошиле повеќе од приливот не треба само да платат казни предвидени со изборниот законик, туку да подлежат и на поголеми санкции, велат експертите. Антикорупциска, по увидот на финансиските извештаи на партиите, констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ЛДП и ДПА потрошиле повеќе пари за кампањата отколку што имале обезбедно прилив на
нивните сметки. Претседателот на Транспарентност Нулта Корупција Слаѓана Тасева вели дека е добро што за прв пат може да согледаме колку партиите издвоиле пари за кампањи, но потребни се построги мерки.
„Затоа што не е доволно само оваа санкција која што е воведена во законот, затоа што тоа се минимални средства според оние кои што ги трошат партиите за кампањи. Тие можат да си дозволат да платат таква казна, но не би можеле да си дозволат да не учествуваат во следни избори или пак да изгубат право на финансирање во текот на една или две години како што постојат во други држави.“
Поранешниот антикорупционер Сашо Ордановски вели дека еден од најголемите извори на корупција се партиите, која особено доаѓа до израз за време на кампањите. Законските санкции се премали и треба да се заостри политиката кон таквиот вид на прекршоци, бидејќи партиите без проблем може да ги платат казните.
„Според сегашните прописи на одредени партии дури им одговара да платат одредени санкции затоа што прават таков тип на злоупотреби кои многу кратно ги надминуваат санкционираните вредности според
законот. Според тоа апсолутно сме за тоа да се направи едно силно заострување на прописите, да следуваат и затворски казни за злоупотреби, меѓутоа тоа е единствениот начин да партиите колку толку се доведат во ред.“
Според Тасева, сега треба да реагираат надлежните институции, односно да се открие од каде им се парите на партиите за кои немат покритие.
„УЈП да види кој дава исто за партиите, имаме многу не евидентирани трошоци, значи се она што се троши за патувања, за кампањи скапи, за медиумски презентации... Да се види дали се тоа парите од буџетот кои што веќе се уплатени за владините кампањи, дали се тоа непријавени пари од фирмите или нешто друго се случува? Значи ние сега имаме сериозен проблем, има многу пари кои се трошат, а незнаеме од каде се.“
УЈП не успеавме да ја добиеме да прашаме дали ќе го истражат потеклото на парите на партиите, на ист начин како што се врши проверка на изворот на приходите на грѓаните и компаниите.
На одредени партии дури им одговара да платат одредени санкции затоа што прават таков тип на злоупотреби кои многукратно ги надминуваат санкционираните вредности според законот.
„Затоа што не е доволно само оваа санкција која што е воведена во законот, затоа што тоа се минимални средства според оние кои што ги трошат партиите за кампањи. Тие можат да си дозволат да платат таква казна, но не би можеле да си дозволат да не учествуваат во следни избори или пак да изгубат право на финансирање во текот на една или две години како што постојат во други држави.“
Поранешниот антикорупционер Сашо Ордановски вели дека еден од најголемите извори на корупција се партиите, која особено доаѓа до израз за време на кампањите. Законските санкции се премали и треба да се заостри политиката кон таквиот вид на прекршоци, бидејќи партиите без проблем може да ги платат казните.
„Според сегашните прописи на одредени партии дури им одговара да платат одредени санкции затоа што прават таков тип на злоупотреби кои многу кратно ги надминуваат санкционираните вредности според
законот. Според тоа апсолутно сме за тоа да се направи едно силно заострување на прописите, да следуваат и затворски казни за злоупотреби, меѓутоа тоа е единствениот начин да партиите колку толку се доведат во ред.“
Значи ние сега имаме сериозен проблем, има многу пари кои се трошат, а незнаеме од каде се.