Од увидот на финансиските извештаи кои се отворени од партиите за реализација на предизборните кампањи, Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и три политички партии - ДУИ, ДПА и ЛДП, имаат потрошено повеќе пари од сметката од оние што ги имаат обезбедено со приливите, а Комисијата побарала дополнителни
информации и од коалицијата предводена од СДСМ за кредитот со кој ја финансираат кампањата, а е пријавен во рубриката - донација.
Претседателот на комисијата Воислав Зафировски од анализата на извештаите, рече дека констатираниот дисбаланс меѓу расходите и приходите ја афирмира потребата од доуредување на изборната регулатива со обврска наменските сметки за изборните кампањи да се затвораат еден ден по завршувањето на кампањата:
„ДУИ обезбедиле 1 милион и 150 илјади денари, а потрошиле во првите десет дена 4 милиона и 342 илјади денари, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле 7 милиони и 950 илјади денари, а потрошиле 103 милиони и 54 илјади денари.“
Од коалицијата предводена од СДСМ, Комисијата, пак, бара дополнителна информација за кредитот, кој во случајов е од Комерцијална банка.
„Со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка, ја донира изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ.“
Во делот на информациите дека се вработуваат службеници по распишување на изборите, од Комисијата рекоа дека немаат такви сознанија.
Инаку Комисијата констатирала и други недостатоци во извештаите. Некои од нив се однесуваат на тоа што само некои се доставувани на образец пропишан од министерот за финансии.
Понатаму само во еден случај има прикажано прилив на средства од чланарина, а исто така само во еден случај се доставени расходни банкарски извори.
За одбележување, пак, според комисијата, е тоа што во принцип сите прикажани донации се во согласност со законскиот лимит - до 5000 евра од физичко лице додека за правните лица треба да се направат дополнителни проверки.
Своите најголеми издатоци партиите ги прават во делот на платеното политичко рекламирање. По основ на платено политичко рекламирање во електронските медиуми, во Комисијата рекоа дека им се неопходни податоци од Советот за радиодифузија. Државната комисија во писмена форма ќе се обрати до организаторите на кампањата во кои ќе им ги презентира сите недостатоци со укажување да бидат поправени заклучно со финансискиот извештај што комисијата треба да го достави со завршувањето на изборната кампања.
ДУИ обезбедиле 1 милион и 150 илјади денари, а потрошиле во првите десет дена 4 милиона и 342 илјади денари. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле 7 милиони и 950 илјади денари, а потрошиле 103 милиони и 54 илјади денари.
Претседателот на комисијата Воислав Зафировски од анализата на извештаите, рече дека констатираниот дисбаланс меѓу расходите и приходите ја афирмира потребата од доуредување на изборната регулатива со обврска наменските сметки за изборните кампањи да се затвораат еден ден по завршувањето на кампањата:
„ДУИ обезбедиле 1 милион и 150 илјади денари, а потрошиле во првите десет дена 4 милиона и 342 илјади денари, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле 7 милиони и 950 илјади денари, а потрошиле 103 милиони и 54 илјади денари.“
Од коалицијата предводена од СДСМ, Комисијата, пак, бара дополнителна информација за кредитот, кој во случајов е од Комерцијална банка.
„Со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка, ја донира изборната кампања на коалицијата предводена од СДСМ.“
Со цел да се констатира со колкав износ кредиторот во случајов Комерцијална банка ја донира изворната кампања на коалицијата предводена од СДСМ.