Достапни линкови

Битка за рејтинзи


Јавноста „бомбардирана“ од анкети на агенциите за истражување на јавното мислење, во кои рејтинзите на политичките партии драстично се разликуваат.

Отворен е фронт за борба со бројки и рејтинзи. Агенциите за истражување на јавното мислење постојано излегуваат во јавноста со резултати од анкети за рејтинзи на политичките партии кои драстично се разликуваат едни од други. За само еден ден во јавноста се појавија две анкети со сосема различни резултати, на само два дена пред стартот на забраната за објавување на рејтинзи. Институтот за политички истражувања од Скопје, за кој се смета дека се блиски до десницата, објави дека за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 22,6 отсто од
Постои една неизвесност, една тензија и отвореноста на ставот на граѓаните е релативно ниска, има една значителна бројка на неопределени кои не можеме да кажеме што тие навистина ќе направат освен индиректно да проценуваме.
испитаници, а за колицијата на СДСМ 15,4 проценти. Од друга страна пак, Институтот за социјална демократија „Прогрес“, кој неодамна беше обвинет дека е основан од пратеници на СДСМ, не останаа покуси и тие објавија анкета во истиот ден. Според нивните резултати за СДСМ ќе гласаат 22,9 отсто од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 19,6 отсто.

Разликата во резулататите на двете агенции за останите партии и не е
многу голема, отстапува за најмногу три проценти. Се поставува прашање, дали постои агенција која може да направи истражување на кое сите ќе му веруваат? Странските институти како ИРИ веќе не работат во Македонија, затоа што им завршил мандатот, а НДИ, пак, работи според парламентарна програма и не прави вакви истражувања.

Резултати од анетите според желбите на нарачателите?

Последниот бум од рејтинзи создава контроверзни толкувања и анализи, и недоверба во јавно објавените резултати.
Ѓорѓи Кимов од Брима Галуп вели дека за испитаниците е битно која агенција го прави истражувањето за прво дали ќе прифатат да одговорат и потоа како ќе одговорат на прашањата.

„Мислам дека генерално, во целата предизборна ситуација во Македонија постои една неизвесност, една тензија и отвореноста на ставот на граѓаните е релативно ниска, има една значителна бројка на неопределени кои не можеме да кажеме што тие навистина ќе направат освен индиректно да проценуваме.“
Сега ќе дојдат избори, па ќе поминат изборите, ќе се види кој бил во право, кој не бил во право, оние да ги наречеме партиски институти нема да објавуваат извесно време анкети.

Вториот сегмент, кој што влијае на ваквата состојба е и неискутвото во истражувањето на јавното мислење, додава Кимов.

„Партиите кога не се задоволни од резултатот ги обвинуваат агенциите и се создава една генерална резерва за истражувањата на јавното мислење, мислам дека тоа треба да се стабилизира за што ќе биде потребно време.“

Аналитичарот Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања вели дека по изборите ќе се дознае кој има кредибилитет и направил вистинско истражување.

„Сега ќе дојдат избори, па ќе поминат изборите, ќе се види кој бил во право, кој не бил во право, оние да ги наречеме партиски институти нема да објавуваат извесно време анкети, за повторно кога ќе дојдат наредни избори да се појават како ништо да не било.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG