Достапни линкови

Евроатлантски перспективи


Соседите полека ги исполнуваат барањата за членство во ЕУ и НАТО. На тој пат од Македонија, освен реформите, се бара компромис за спорот за името.

Последниов период, Хрватска го предаде генералот Анте Готовина на судот во Хаг. Спорот со Словенија за поморско-сувоземната граница дојде до некакво решение. Србија почна разговори со Косово како со рамноправен партнер и ги предаде Караџиќ и Младиќ. Сето тоа се прави со намера да се исполнат барањата кон ЕУ и НАТО. Од Македонија,
Секоја од земјите од Балканот кои се аспиранти за членство во Европската Унија треба да ги исполнат оние основни стандарди кои се поставени врз основа на прашалниците кои ги имаат добиено. Од тој аспект мислам дека некои посебни импликации во позитивна или негативна насока нема да има врз Македонија.

меѓународната заедница, освен исполнување на реформите, бара завршување на преговорите со Грција за спорот за името.

Овие случувања во регионот, експертите не очекуваат да имаат влијание врз Македонија во нејзиниот напредок за решавање на спорот со името и нашите евроинтеграции. Не исклучувајќи ја можноста, по изборите да има нови иницијативи за решавање на спорот со Грција, експертите не може да видат поврзување на прашањата поврзани со Ратко Младиќ или Анте Готовина со Македонија, зашто немаме сличен проблем:

„Секоја од земјите од Балканот кои се аспиранти за членство во Европската унија треба да ги исполнат оние основни стандарди кои се поставени врз основа на прашалниците кои ги имаат добиено. Од тој аспект мислам дека некои посебни импликации во позитивна или негативна насока нема да има врз Република Македонија“, изјави Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.

На иста линија е и професорот Владо Поповски.
За Македонија клучното прашање е компромисот околу разликите за името на државата што го наметна Грција. Македонија ќе мора да најде компромис и мислам дека подготвеноста после изборите ќе биде поголема без разлика кој ќе направи влада во Република Македонија.

„За Македонија клучното прашање е компромисот околу разликите за името на државата што го наметна Грција. Македонија ќе мора да најде компромис и мислам дека подготвеноста после изборите ќе биде поголема без разлика кој ќе направи влада во Република Македонија.“

Доаѓањето до решение на спорот за името се наметна како услов за нашето приближување кон меѓународните институции. Според Благоја Марковски, за суштинско водење преговори, подготвеност нема ниту од едната ниту од другата страна. Но, повторува дека за Македонија клучно прашање е компромисот што го наметна Грција, а го акцептираа ОН и со политичка изјава и НАТО и ЕУ.
Причина што ќе ја натера владата на Македонија кој и да ја раководи, е недостаток веќе на натамошна толеранција од страна на албанските партии, па и другите опозициски партии од македонскиот блок да го толерираат одолговлекувањето на прашањето за името.

Марковски се надева дека во наредниот период ќе има поголема свест за потребата од зголемена иницијативност за да се надмине спорот којшто блокира, додавајќи дека без консензус на најзначајните политички субјекти во македонската политика околу можното решение, земјата не може да се надева на придвижување.

„Тој курс треба да биде променет без оглед дали ќе дојде нова влада или после овие избори ќе продолжи старата влада.“

Поповски мисли дека една од причините поради која може да дојдe до поголема иницијативност е што се повеќе и политичките субјекти покажуваат интерес за ова:

„Причина што ќе ја натера владата на Македонија кој и да ја раководи, е недостаток веќе на натамошна толеранција од страна на албанските партии, па и другите опозициски партии од македонскиот блок да го толерираат одолговлекувањето на прашањето за името.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG