Достапни линкови

Ромите не веруваат на ветувањата


Роми од битолската населба Баир
Роми од битолската населба Баир

Ромите од Битола велат ја научиле лекцијата - на празни ветувања од политичарите повеќе не веруваат и на овие избори, поразумно ќе се однесуваат.

Од ромската населба Баир во Битола, како сега, така и претходно, на секој изборен циклус околу 2.000 гласачи се мета на партиите за освојување на гласови кои можат да придонесат некој да стигне до пратеничко или советничко место. Жителите тука живеат како во гето без асфалтен пат,
70 отсто од населението тука се болни зашто ни ветија дека ќе ни го направат патот, канализација, вода ќе ни донесат, осветлување, амбуланта дека ќе ни направт. Но, никогаш не се
случи тоа.
водовод и канлизација. Но, велат дека на овие избори ќе се однесуваат поразумно отколку во претходните, кога нивниот глас партиите го купувале со вреќа брашно, шеќер или некој сомун леб.

„70 отсто од населението тука се болни зашто ни ветија дека ќе ни го направат патот, канализација, вода ќе ни донесат, осветлување, амбуланта дека ќе ни направт. Но, никогаш не се случи тоа. Еве децата ни се оболени, детето три месеци ми лежеше на болница на заразно одделение од жолтица. Од стомаците само викаат, дезинтерија, проливи имаат.“

„Повеќе нема да гласаме воопшто никако. Доаѓаат нудат гласајте за нас патот ќе ви го направиме, социјалното ќе ви го крениме, но сето тоа е лага. Овде никој не е вработен, денес луѓето се вработуваат партиски. Јас сум слободен граѓанин ако сакам ќе гласам, ако не не мора да бидам присилен.“
Повеќе нема да гласаме воопшто никако. Доаѓаат нудат гласајте за нас патот ќе ви го направиме, социјалното ќе ви го крениме, но сето тоа е лага. Овде никој не е вработен, денес луѓето се вработуваат партиски.

„Ние со години се водиме како граѓани во оваа држава, а не не сметаат за луѓе. Нашите деца не можеме да ги школуваме, како ќе ги шолуваме. Доаѓаат тука не молат да ги школуваме, а како кога овие деца бараат да се искапат, да се исперат? Години така не оставаат, а не бараат на избори да гласаме.“

„Ние не сакаме да се продаваме за масло, за брашно, за леб. Ние гласот можеме да го дадеме вода и канал да ни стават друго ништо не сакаме.“

И еден од условите за пристап кон Европската унија е подобрување на животот на Ромите и водење на поголема грижа за нив. Дури ни статистичките податоци не нудат точен број на Роми во Битола. Официјално тука живеат околу 3.000 Роми, но се смета дека нивниот број е поголем, а дел не се ни евидентирани.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG