Со концерт што ќе се одржи во сабота, камерното дуо КИРОВСКИ ќе го промовира својот нов троен албум со композиции специјално напишани за нив.
Љубиша Кировски со својата виолина и Маја Шутевска Кировска на пијано наново ќе ги загреат дланките и срцата на љубителите на современата музика. Овојпат на концертот што ќе се одржи во Музеј на Град Скопје тие ќе ги свират делата што специјално за нив како уметници ги напишаа македонските композитори Благој Цанев, Димитрије Бужаровски, Вања Николовски Ѓумар, Дамјан Темков, Тодор Бојаџиев,
Дамир Имери и авторитети како Фил Кашијан и Мартин Рид. Овој настап наедно е промоција на нивниот последен троен албум што како издавач го потпишува Сојузот на композиторите на Македонија.
„Каде и да сме настапиле ни барале нешто автентично, нешто од нашата земја, затоа дојдовме до идеjа за овој проект, да биде насловен како дела специјално напишани за нас и каде што обавезно ќе го има вметнато оној елемент на македонскиот фолклор“, вели виолинистот.
ДУО КИРОВСКИ е формирано во 1993 година. Од основањето до денес овие македонски уметници имаат реализирано бројни настапи во Полска, Италија, Швајцарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, а во земјава се редовни учесници на фестивалите како Охридско лето, Есенски музички свечености, Денови на македонска музика и други.
Во 1997 година Дуото специјализира на Европската Моцарт Академија во Варшава, потем се усовршуваше за изведба на сонати за пијано и виолина на летната академија во Лозана, а наредната година станаа добитници на Специјалната награда на Централно Европската Иницијатива на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио Ди Триесте, во Италија.
Во 2004 ја добиваат и наградата Златна Лира за врвни уметнички достигнувања што ја доделува Сојузот на Музичките уметници на Македонија.
Репертоарот на Дуото опфаќа дела од барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано со посебен акцент на македонското музичко творештво.
„Овој концерт ќе доживее своја изведба исто така и во Лондон на 29-ти овој месец, а исто така ќе доживее и светска премиера затоа што со овој концерт во ноември ние исто така ќе настапиме и во Њујорк. Мислиме дека ова е вистински погодок за претставување на македонската култура и македонската класична и репродуктивна и композиторска школа“, дополнува Љубиша Кировски.
По овој промотивен концерт и серијата настапи ДУО КИРОВСКИ ќе започнат со подготовката на својата нова премиерна програма што редовно ја претставуваат во Салон 19.19, а потем ќе се фокусираат и на материјалот за својата нова дискографска објава.
Каде и да сме настапиле ни барале нешто автентично, нешто од нашата земја, затоа дојдовме до идеа за овој проект, да биде насловен како дела специјално напишани за нас.Љубиша Кировски, виолинист.
„Каде и да сме настапиле ни барале нешто автентично, нешто од нашата земја, затоа дојдовме до идеjа за овој проект, да биде насловен како дела специјално напишани за нас и каде што обавезно ќе го има вметнато оној елемент на македонскиот фолклор“, вели виолинистот.
ДУО КИРОВСКИ е формирано во 1993 година. Од основањето до денес овие македонски уметници имаат реализирано бројни настапи во Полска, Италија, Швајцарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, а во земјава се редовни учесници на фестивалите како Охридско лето, Есенски музички свечености, Денови на македонска музика и други.
Во 1997 година Дуото специјализира на Европската Моцарт Академија во Варшава, потем се усовршуваше за изведба на сонати за пијано и виолина на летната академија во Лозана, а наредната година станаа добитници на Специјалната награда на Централно Европската Иницијатива на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио Ди Триесте, во Италија.
Мислиме дека ова е вистински погодок за претставување на македонската култура и македонската класична и репродуктивна и композиторска школа.Љубиша Кировски, виолинист.