Иван Иванов е еден од претставниците на помладата генерација џез музичари во Македонија кој својата наобразба ја стекна на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац, Австрија . За време на студиите соработувал со повеќе инструменталисти меѓу кои и Ренато Чико, Карл Хајнц Милкин и Дон Меуза , а учествувал и на повеќе џез семинари кај познати изведувачи како што се Дејв Либмен, Боб Минѕер и Боб Брукенмаер.
Тој цели четири години беше член и на познатиот хрватски џез оркестар HGM со кој има настапувано низ цела Европа, соработувајќи притоа со познати светски музичари меѓу кои и Питер Ерскин, Ренди Брекер, групата ЈЕЛОУ ЏЕКЕТС и други.
Во овој период Иванов ќе пишува и своја авторска музика, а седум од тие композиции ќе се најдат на неговата деби објава Диво цвеќе.
„Тоа е мојот саунд, мои композиции кои се доста слични на некои џез стандарди, но сепак се мои“, вели Иванов.
Инаку, неговиот квартет е формиран некаде во мај 2008 година по одржувањето на една локална свирка во Грац и во него покрај Иванов влегле Сава Милетиќ на пијано, Џозеф Абентунг на бас и Анџелко Ступар на тапани.
Младите музичари по бројните настапи во својот универзитетски центар ќе настапат и на големиот фестивал во градот, за да потем, по одличниот прием од публиката и од критиката, влезат во студио и го снимат материјалот што ќе се најде на нивната прва објава.
„Сакам да направам промоција и концерт низ Македонија, свој бенд да го донесам во Македонија, се знаеме доста време, па ќе видиме дали тоа ќе биде реално“, дополнува саксафонистот.
Иванов моментално е на магистерски студии во Париз, а за своите идни концертни настапи и за делувањето на интернационалната сцена знае да каже:
„Повеќе свирам во странство отколку во Македонија. Во Македонија музичарите не ме ни знаат, свирам во Австрија, низ балканските земји, Германија, Италија... Имаме сега една мала турнеја низ Австрија.“
Конечно, Иван Иванов твори композиции кои што звучат доста модерно и во нив силно се забележува потребата да биде во тек со современите текови во џезот, та затоа од него, мнозина, со право допрва ги очекуваат изданија со кои тој ќе го анимира вниманието на њубителите на убавата музика.

Тоа е мојот саунд, мои композиции кои се доста слични на некои џез стандарди, но сепак се мои.
„Тоа е мојот саунд, мои композиции кои се доста слични на некои џез стандарди, но сепак се мои“, вели Иванов.
Инаку, неговиот квартет е формиран некаде во мај 2008 година по одржувањето на една локална свирка во Грац и во него покрај Иванов влегле Сава Милетиќ на пијано, Џозеф Абентунг на бас и Анџелко Ступар на тапани.
Младите музичари по бројните настапи во својот универзитетски центар ќе настапат и на големиот фестивал во градот, за да потем, по одличниот прием од публиката и од критиката, влезат во студио и го снимат материјалот што ќе се најде на нивната прва објава.
„Сакам да направам промоција и концерт низ Македонија, свој бенд да го донесам во Македонија, се знаеме доста време, па ќе видиме дали тоа ќе биде реално“, дополнува саксафонистот.
Иванов моментално е на магистерски студии во Париз, а за своите идни концертни настапи и за делувањето на интернационалната сцена знае да каже:
Повеќе свирам во странство отколку во Македонија. Во Македонија музичарите не ме ни знаат.