Миле Каровски е млад музичар од Кавадарци. Тој изведува композиции за класична гитара или класични дела во аранжмани за гитара. Дипломирал на Новиот бугарски универзитет во Софија во класата на професор Димитар Дојчинов, а учествувал на мастер-класови кај познати педагози и изведувачи како Един Карамазов, Американката Марта Мастерс, Бразилецот Фабио Занон, Франц Халас од Германија и нашиот Страшко Темков.
Со соло рецитали настапувал на бројни фестивали и меѓународни музички натпревари во Југоисточна Европа и на нив освоил десеттина врвни признанија. Во 2009 година Каровски го објави својот прв носач на звук, албумот насловен како „Деби – музика за гитара“
(„Debut- music for guitar“). На претстојниот концерт во Даут Пашин Амам ќе се претстави со дела за гитара од неколку периоди на класичната музика – од ренесанса, преку барок, романтизам до современа балканска музика, од Јохан Себастијан Бах преку Николо Паганини, Исак Албениз, Цезаре Негри до Росен Балкански и Мирослав Тадиќ.
„Во изборот е вклучен и материјал којшто е за обичната публика, а во исто време сакам да допрам и до срцата на музикантите. Значи кога станува збор за делата од Паганини и Бах, тоа е исклучиво за музикантската публика“, вели Каровски.
Говорејќи за сопствените настапи, за тоа дека инспирација црпи од се она што е убаво, дека негови херои се сите оние што му имаат дадено во позитивна смисла друга насока на светот како Рубенс, Рембрант, Дали, Тесла, Дебиси... до нашиот Симон Трпчески, гитаристот со дополна:
„Се трудам некогаш да бидам и доста темпераментен, но некогаш сакам мојот инструмент да звучи во границите на убавото.“
Инаку, овој концерт во Скопје е во рамките на неговата серија настапи пред домашната публика која започна во август во Струмица и ќе кулминира на 9 октомври со перформансот на годинешното издание на фестивалот ИНТЕРФЕСТ во Битола.
„За жал кај нас е многу слабо популарна гитарата како класичен инструмент и мојата цел е преку оваа турнеја да ја популаризирам, да привлечеме многу млади гитаристи, да ги заинтересираме и да стекнеме една убава публика.“
Миле Каровски со својата гитара потем наново ќе тргне на пат по европските сцени, а за во иднина наведува дека предизвик му е што подлабоко да навлезе во популарните стилови фламенко, фадо и латино.
Во изборот е вклучен и материјал којшто е за обичната публика, а во исто време сакам да допрам и до срцата на музикантите. Значи кога станува збор за делата од Паганини и Бах, тоа е исклучиво за музикантската публикаМиле Каровски, инструменталист
Со соло рецитали настапувал на бројни фестивали и меѓународни музички натпревари во Југоисточна Европа и на нив освоил десеттина врвни признанија. Во 2009 година Каровски го објави својот прв носач на звук, албумот насловен како „Деби – музика за гитара“
(„Debut- music for guitar“). На претстојниот концерт во Даут Пашин Амам ќе се претстави со дела за гитара од неколку периоди на класичната музика – од ренесанса, преку барок, романтизам до современа балканска музика, од Јохан Себастијан Бах преку Николо Паганини, Исак Албениз, Цезаре Негри до Росен Балкански и Мирослав Тадиќ.
„Во изборот е вклучен и материјал којшто е за обичната публика, а во исто време сакам да допрам и до срцата на музикантите. Значи кога станува збор за делата од Паганини и Бах, тоа е исклучиво за музикантската публика“, вели Каровски.
Говорејќи за сопствените настапи, за тоа дека инспирација црпи од се она што е убаво, дека негови херои се сите оние што му имаат дадено во позитивна смисла друга насока на светот како Рубенс, Рембрант, Дали, Тесла, Дебиси... до нашиот Симон Трпчески, гитаристот со дополна:
За жал кај нас е многу слабо популарна гитарата како класичен инструмент и мојата цел е преку оваа турнеја да ја популаризирам, да привлечеме многу млади гитаристи, да ги заинтересираме и да стекнеме една убава публикаМиле Каровски, инструменталист