Дали ми се насмевна, Дождофренија, Проѕирна, Еден град, Љубов за една ноќ, Во спокојот, Дај ми крилја, Балканец по двата родитела, хитот Пиги ...се само некои од песните кои ќе се најдат во програмата што за актуелното издание на културната манифестација Скопско лето ја подготви кантавторот Слободан Ивановиќ Сан. Некогашниот пејач на еден од артистички најизвиканите македонски рок-состави од 1980-те - УСТА НА УСТА, во кој како пијанист членуваше и писателот Александар Прокопиев, слично како и Јаков Дренковски минатата година, за своето солистичко претставување пред љубителите на музиката и специфичната поетика, со право го одбра предворјето на Ликовната академија во Сули ан.
„И можам во таа ситуација да ја внесам душата во музиката. Во музиката постои четврт елемент, а тоа значи дека имаме ритам, мелодичност и хармонии и четврто, душа. Без таа душа нема музика.“
За потребата на овој начин да претстави дел од сопственото творештво кое своевремено е пишувано за формација која израснала на постулатите на
рокенролот и која поради нагласениот артизам на настапите ги преферира токму високоенергетските средби со публиката, Сан со образложение:
„Долго време настапував со групата „Уста на уста“, тој стил беше баладичен, меѓутоа со време на време сум созревал како композитор, како изведувач и се најдов во еден друг вид на музика - шансона, балада, со еден посилен текст.“
Инаку, во различни формации УСТА НА УСТА, со Ивановиќ како најистурен на сцената, делува повеќе од три децении. Во 1994 година го објави својот единствен албум насловен како Мал човек, а нешто потоа го одржа својот голем концерт во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на МРТВ. Четири години подоцна составот се претстави и во серијата акустични концерти што ги организираше нашиот национален радиодифузен јавен сервис, а минатата година наново се реобедини за да го одработи и својот солистички настап на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје.
„И можам во таа ситуација да ја внесам душата во музиката. Во музиката постои четврт елемент, а тоа значи дека имаме ритам, мелодичност и хармонии и четврто, душа. Без таа душа нема музика.“
За потребата на овој начин да претстави дел од сопственото творештво кое своевремено е пишувано за формација која израснала на постулатите на
Долго време настапував со групата „Уста на уста“, тој стил беше баладичен, меѓутоа со време на време сум созревал како композитор, како изведувач и се најдов во еден друг вид на музика - шансона, балада, со еден посилен текст