Достапни линкови

Албум на квартетот „Еквилибриум“


Со дела на Клод Дебиси, Андреа Феранте, Лари Груп и нашиот Благој Цанев, беше објавен абумот на КВАРТЕТ ЕКВИЛИБРИУМ.

Јане Бакевски и Горан Муратовски - виолини, Александар Стојчески - виола и Кирил Јосифов – виолончело се членовите на ЕКВИЛИБРИУМ, квартетот формиран 2007 година со цел не само да ја афирмира камерната музика во Македонија туку и да се обиде да го стори сопствениот пробив на меѓународната сцена. Со репертоар базиран на дела од периодот на романтизмот до современата музика на 20 век, со посебен акцент на творештвото на македонските автори, овие млади музичари, инаку инструменталисти на еминентни оркестри во земјава, полека но сигурно се потврдуваат како големи уметници на кои им се отвораат портите за убава интернационална кариера. Во прилог на ова говорат и двата носачи на звук – првиот со снимки од концертот на нивнотот прво гостување во Дубровник и штотуку објавениот албум чија промоција се обистини деновиве во Скопје. На ова издание се поместени дела на Клод Дебиси, Италијанецот Андреа Феранте, американскиот композитор Лари Груп и нашиот Благој Цанев, а материјалите се снимени во студијата на МРТВ со Будимка Имери како продуцент.

„Малку е необичен изборот на делата, меѓутоа е добро вклопено, тече како една приказна“, истакнува Александар Стојчевски.
Малку е необичен изборот на делата, меѓутоа е добро вклопено, тече како една приказна.


Интересно е притоа што композициите на Феранте и Груп се напишани специјално за КВАРТЕТ ЕКВИЛИБРИУМ, за што тој дополнува.

„Тие нас не слушале на интернет, стапија во контакт со нас луѓето што докажува дека ние излегуваме надвор од рамките на државата.“

Квартетот Еквилибриум

Инаку, овој квартет досега со успех се претставувал на најзначајните културни манифестации во земјава како Скопско лето, Битфест, Денови на Македонска музика, Струшки вечери на поезијата и на Есенските музички свечености, а од меѓународните гостувања посебно за издвојување се нивните перформанси во Хрватска и во Њујорк, САД. Во перидов што
Тие нас не слушале на интернет, стапија во контакт со нас луѓето што докажува дека ние излегуваме надвор од рамките на државата.

претстои, а по промотивното претставување на албумот во Салон 19.19, КВАРТЕТ ЕКВИЛИБРИУМ планира одржување на нова серија концерти во регионов, тука се и летните фестивали кај нас, но особено е важно што момците наскоро повторно влегуваат во студио за да работат на две свои нови изданија што треба да се најдат на интернационалниот дискографски пазар и за кои, како што самите велат, ќе зборуваат во моментот кога за тоа ќе дојде време. Тие не се сомневаат во себе, но истакнуваат дека и за нив како и за останатите музички уметници кај нас голем проблем за поширока афирмација е непостоењето на менаџерска куќа која би се бавела со организациските проблеми на творците на полето на сериозната музика.
Кон ова само уште информацијата дека издавач на вториот албум на КВАРТЕТ ЕКВИЛИБРИУМ е Здружението за култура и уметност Култур-Оп со финансиска помош од Министерството за култура и дека за одличниот, светски дизајн на носачите на звук се погрижи Кире Галевски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG