Александар Дворчанец Сале – вокал и усна хармоника, Бранко Нешковски Бане – гитара, Кире Гараловски – бас, Зоран Настевски – тапани и Давид Нешковски – слајд и соло гитара и вокали, се членовите на актуелната постава на прилепскиот КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД, музичката формација која цели 13 години со сизифовска упорност опстојува на кревката Македонска блуз сцена. Успевајќи да им
оддолеат на налетите на модерните музички правци , тие со своите социјални текстови со нагласено шегобијна нота се повеќе од цврст доказ дека блузот е возможен и по делтата на реката Вардар и дека токму сиромашкиот прилепско-мариовскиот крај е најинспиративен за такво нешто.
„Блузот како изворна форма на нашиот бенд се базира на маките на обичниот човек, работа нема и тутунот е единствена работа од која може да егзистира обичниот човек“, истакнува Сале Дворчанец, инаку автор на текстовите на песните на составот.
КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД веќе одамна ги надминаа рамките на локална атракција. Од позначајните нивни настапи ги издвојуваат оној во 2001 кога свиреа на Блуз и соул фестивалот во Скопје, веднаш потоа ги одмерија силите со најреномираните бугарски музичари во Софија, потоа две години по ред настапуваа на меѓународниот музички фестивал во Габрово како единствени претставници од Република Македонија, свиреа и во Сандански и потем на фестивалот Спирит оф Бургас, речиси и да нема викенд а тие да не се на пат во некој од градовите во земјава, а деновиве добија покана за учество на Мостар блуз фестивал во Босна. Овде е планирано да ја делат сцената со српската гитаристка со голема интернационална кариера Ана Поповиќ, а меѓу големите имиња на
случувањето се и придружниот состав на легендарната Џенис Џоплин – БИГ БРАДЕР ЕНД ХОЛДИНГ КОМПАНИ и виртуозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.
„Ние се согласивме да свириме на наш трошок. Почнавме да свириме пред Ана Поповиќ, која сите што слушаат блуз и ја пратат таа блуз сцена, многу добро ја знаат.“
Прилепските блузери во пресрет на овој за нив многу важен настап ќе свират и на БАСКЕРФЕСТ во Скопје и на престојниот Мотофестивал, а најавуваат дека преговаараат и за серија концертни настапи на ваквите манифестации во Србија, Хрватска и во Романија. Во меѓувреме тие забрзано ќе работат на песните на својот втор албум, следбеникот на Тутун блуз.
„Текстовите обавезно ќе бидат на македонски, а се планира да бидат и на англиски за да можеме да го пласираме материјалот и надвор.“
Блузот како изворна форма на нашиот бенд се базира на маките на обичниот човек, работа нема и тутунот е единствена работа од која може да егзистира обичниот човек.
„Блузот како изворна форма на нашиот бенд се базира на маките на обичниот човек, работа нема и тутунот е единствена работа од која може да егзистира обичниот човек“, истакнува Сале Дворчанец, инаку автор на текстовите на песните на составот.
КРОСРОУД БЛУЗ БЕНД веќе одамна ги надминаа рамките на локална атракција. Од позначајните нивни настапи ги издвојуваат оној во 2001 кога свиреа на Блуз и соул фестивалот во Скопје, веднаш потоа ги одмерија силите со најреномираните бугарски музичари во Софија, потоа две години по ред настапуваа на меѓународниот музички фестивал во Габрово како единствени претставници од Република Македонија, свиреа и во Сандански и потем на фестивалот Спирит оф Бургас, речиси и да нема викенд а тие да не се на пат во некој од градовите во земјава, а деновиве добија покана за учество на Мостар блуз фестивал во Босна. Овде е планирано да ја делат сцената со српската гитаристка со голема интернационална кариера Ана Поповиќ, а меѓу големите имиња на
Текстовите обавезно ќе бидат на македонски, а се планира да бидат и на англиски за да можеме да го пласираме материјалот и
надвор.