САД ќе бараат поголема меѓународна изолација на Иран откако била откриена негова вмешаност во заговор за атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон.
Стејт Департментот ги предупреди Американците во светот на можни терористички напади врз американските интереси, откако беше откриен ирански заговор за атентат врз амбасадорот на Саудиска Арабија во Соединетите Држави. Вашингтон оценува дека Иран започнал со поагресивно фокусирање врз терористички активности.
Соединетите Држави се заканија со дополнителни мерки против Иран откако американските власти соопштија дека откриле заговор на две лица, поврзани со иранската влада, кои подготвувале атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон. Иран ги отфрли ваквите обвинувања, нарекувајки ги лажни и неосновани.
Имено, според американските власти, агенти на иранската влада се обиделе да ангажираат убијци од мексикански нарко-картел да го убијат амбасадорот Адел Ал Џубеир. На прес-конференција во Вашингтон, јавниот обвинител Ерик Холдер соопшти дека се осомничени еден натурализиран Американец со иранско
потекло и еден припадник на иранската револуционерна гарда.
„Според обвинението, овој заговор е осмислен, спонзориран и организиран од Иран. Тоа претставува флагрантно кршење на американските и на меѓународните закони, вклучувајки ја и конвенцијата за заштита на дипломатите.“
Едниот осмничен е уапсен и го признал заговорот, а другиот бил во Иран. Државната секретарка, Хилари Клинтон, изјави дека Соединетите Држави ќе се консултираат со други држави за начините за натамошна изолација на Иран.
„Ќе се консултираме со нашите пријатели и партнери во светот за тоа како да испратиме силна порака дека вакви акции со кои се кршат меѓународните норми, мора да престанат. Тесно ќе соработуваме и околу испраќањето остра порака до Иран и околу неговата натамошна меѓународна изолација.“
Саудиската амбасада во Вашингтон им заблагодари на Соединетите Држави за откривањето на заговорот, а Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама имал телефонски разговор со саудискиот амбасадор.
Иранскиот амбасадор во Обединетите Нации, Махмуд Кази, во писмото до генералниот секретар на Светската организација Бан Ки Мун и до Советот за Безбедност, наведува дека американските обвинувања се политички мотивирани и обид да се сврти вниманието на Американците од економските и социјалните проблеми.
Овој заговор е осмислен, спонзориран и организиран од Иран. Тоа претставува флагрантно кршење на американските и на меѓународните закони.Ерик Холдер, американски јавен обвинител.
Соединетите Држави се заканија со дополнителни мерки против Иран откако американските власти соопштија дека откриле заговор на две лица, поврзани со иранската влада, кои подготвувале атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон. Иран ги отфрли ваквите обвинувања, нарекувајки ги лажни и неосновани.
Имено, според американските власти, агенти на иранската влада се обиделе да ангажираат убијци од мексикански нарко-картел да го убијат амбасадорот Адел Ал Џубеир. На прес-конференција во Вашингтон, јавниот обвинител Ерик Холдер соопшти дека се осомничени еден натурализиран Американец со иранско
„Според обвинението, овој заговор е осмислен, спонзориран и организиран од Иран. Тоа претставува флагрантно кршење на американските и на меѓународните закони, вклучувајки ја и конвенцијата за заштита на дипломатите.“
Едниот осмничен е уапсен и го признал заговорот, а другиот бил во Иран. Државната секретарка, Хилари Клинтон, изјави дека Соединетите Држави ќе се консултираат со други држави за начините за натамошна изолација на Иран.
Вакви акции со кои се кршат меѓународните норми, мора да престанат.Хилари Клинтон, државна секретарка.