Осама Бин Ладен е мртов, по речиси една деценија од терористичките напади во Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001 година. По тој настан, името на Бин Ладен стана познато низ целиот свет, а неговата милитантна „света војна“ се најде на глобалната агенда во 21 век.
Неполни десет години по немилиот настан, американскиот претседател Барак Обама на први мај изјави дека основачот и предводникот на „џихадот“ бил убиен во своето засолниште во Пакистан, на 60 километри северно од Исламбад.
Историја на насилство
Западните култури гледаа на Осама Бин Ладен како отелотворение на злото. Муслиманските култури исто така го прозиваа лидерот на „светата војна“ за смртта на невини цивили во нападите на милитанти на Ал Каеда.
Од друга страна, Бин Ладен имаше и подржувачи во муслиманскиот свет кои ја идолизираа визијата за бесконечна војна против Соединетите Американски Држави и оние арапски земји кои милитантите ги прогласија за непријатели.
Детство и образование
Бин Ладен е роден во Саудиска Арабија во 1957 година, првиот син на Мухамед Бин Ладен и неговата десета сопруга Хамида ал Атас. Неговите родители се разведоа по неговото раѓање. Мухамед Бин Ладен загина во авионска несреќа во Саудиска Арабија, предизвикана од лоша проценка на американски пилот при слетување. По образованието во елитното секуларно училиште Ал Тагар во 1968 година, Бин Ладен студирал бизнис администрација на универзитетот Крал Абдулазиз.
Почетоци на политичка инволвираност
По напуштање на универзитетот во 1979 година, Бин Ладен беше инволвиран во спротиставувањето на инвазијата на Советскиот Сојуз на Авганистан. До 1984 година, Бин Ладен и неговиот сојузник Абдула Азам ја основаа групата Мактаб ал Кидамат, која посредуваше во паричната подршка и снабдуваше оружје за војната во Авганистан. Во 1988 година, Бин Ладен излезе од оваа организација и ја формираше Ал Каеда.
Побунување против САД
Ал Каеда понуди помош за саудиските власти во 1990 година, кога силите на ирачкиот владетел Садам Хусеин го нападнаа Кувајт, што можеше да ја загрози и безбедностана Саудиска Арабија. Понудата на организацијата на Бин Ладен беше одбиена.
Откако Соединетите Американски Држави помогнаа во кувајтската одбрана на нападот од Ирак, Бин Ладен јавно ја осуди зависноста на Саудиска Арабија од американската војска и изрази незадоволство од испраќањето на американски војници на саудиска територија.
По само неколку месеци, Бин Ладен се фокусираше на напади на западните и земјите од арапскиот свет. Во 1990 година, тој организираше атентат врз рабинот Мартин Дејвид Кахан во Њујорк, по што следуваа бомбардирањето на хотелот „Голд Михор“ во Аден во 1992 година и бомбардирањето на Светскиот трговски центар во Њујорк во 1993 година.
Историја на насилство
Се верува дека првиот човек на Ал Каеда бил инволвиран во масакрот во Луксор, Египет, во кој беа убиени 62 лица во 1997 година. Во Авганистан, Бин Ладен им помагаше на талибанските милитанти кога групата воведуваше строг исламистички режим во земјата. За возврат, Талибанците му овозможуваа на лидерот на џихадот да отвора кампови за обука на милитанти. Соединетите Американски Држави го обвинија за инволвираност во бомбардирањето на американската амбасада во Кенија и Танзанија во 1998 година, инцидент во кој загинаа 224 лица, меѓу кои и муслимани.
Чекор напред во борбата против тероризмот
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека смртта на Бин Ладен е „значаен успех“, но предупреди дека борбата против тероризмот ќе продолжи.
Главно позитивни реакции доаѓаат и од другите земји во светот. Британскиот премиер Дејвид Камерoн истакна дека ова е големо олеснување за светот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека смртта на Бин Ладен е победа на правдата. Русија ја поздрави веста за смртта на Бин Ладен, како една од првите цели на борбата против глобалниот тероризам. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи оцени дека талибанците треба да извлечат поука и да престанат со борбите. Индија, подравувајќи го убиството на Бин Ладен во Пакистан, оцени дека тоа е уште еден доказ дека терористи имаат засолништа во таа земја.
Закани за нови напади и осуди
Портпаролот на талибанското движење во Пакистан се закани со напади врз пакистанската армија и Соединетите Американски Држави. Палестинската исламистичка група „Хамас“ го осуди убиството на Бин Ладен, тврдејќи дека тој бил „арапски светец – војник“. Министерството за надврорешни работи на Иран соопшти дека, по смртта на Бин Ладен, Соединетите Американски Држави веќе немаат оправданија за испраќање на вооружени сили на Блискиот Исток.