Достапни линкови

Америка се врти кон себе


Апатија, а не активизам. Ова, како што пишува весникот Њузвик, ќе доминира со американската надворешна политика по ноемвриските избори во Соединетите држави.

Американците го заборавија остатокот на светот. Ништо не го прави тоа појасно од кандидатите кои сега се тркаат за место во Конгресот и Сенатот.

Ако им ги гледате дебатите, пишува Њузвик, Авганистан едвај фигурира, Ирак е историја, Блискоисточниот мировен процес е досаден.

Заборавивме на Кина и на Латинска Америка. Русија е старо сеќавање, а Европа е идеја која бледнее.

Некои кандидати само ги спомнуваат овие теми, некои воопшто не. А и зошто кога шеесет насто од гласачите сметаат дека најголеми проблеми што ја притискаат земјата се економијата и невработеноста.

Всушност, она што американците отсекогаш најмногу сакале од остатокот на светот е тој да ги заборави.
Американското јавно мислење може да биде свртено само од големи закани или од експлицитни, специфични и драматични опасности за американците, но тие се враќаат на домашните прашања кога заканите почнуваат да исчезнуваат.

И за оние кои можеби се погодени од американската надворешна политика оваа тенденција кај една супер силата можеби е збунувачка ако не и опасна, пишува Њузвик, додавајќи: од друга страна овој вид на апатија е длабоко вкоренет во нацијата на имигранти кои на времето избегаа од конфликтите и немаштијата во нивните татковини.

Американците традиционално го градат нивниот живот врз иднината, а не врз минатото и тие не сакаат да бидат подместени од таа нивна мисија.

Денес е важно да се сфати дека неинтересот на американската јавност за глобалните прашања е поради апатијата, а не активизмот на американската влада. Или се додека некој драматичен настан не го сврти вниманието на народот.

Весникот го цитира и професорот по политички науки од државниот институт во Охајо Џон Милер дека американското јавно мислење може да биде свртено само од големи закани или од експлицитни, специфични и драматични опасности за американците, но оти тие се враќаат на домашните прашања кога заканите почнуваат да исчезнуваат.

Предизвикот за американските лидери секогаш бил како да опстојат во некоја нивна тенденција. Претседателот Барак Обама кој во Белата куќа дојде посветен на партнерство со сојузниците во светот, не успеа да ја добие и поддршката на јавноста за тоа.

Општата апатија во Америка во многу случаи е проследена и со целосно игнорирање, се наведува во текстот на Њузвик во кој се додава дека американскиот импулс да го игнорира светот не е прашање на партиска политика или на традиционалната поделба на леви и десни.

,,Ние сме на врвот на нов изолационизам кој ќе не погоди сите,, пишува Роберт Рајч, либерален економист. На ист став е и Дениел Плетка од Американскиот Ентерпрајс Интитут која предупредува против повлекувањето од светот во Америка каде што се е пресметано во долари и центи.

,,Вие не се будите со прашањето: Каде е Осама бин Ладен, туку со тоа: Каде е мојата работа? Но, ако кажете дека сакате да се откажете од борбата против бин Ладен сите ќе ви речат дека тоа не треба да се прави,, вели Плетка во текстот во весникот Њузвик.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG