Претседателот Барак Обама изјави дека во престрелката немало жртви меѓу американските сили, ниту меѓу цивилите.
„Смртта на Бин Ладен го одбележува најзначајното достигнување досега во напорите на нашата земја да ја порази Ал Каеда. Сепак, неговата смрт не го означува и крајот на нашите напори. Нема сомневање дека Ал Каеда ќе продолжи да извршува напади врз нас. Затоа ние ќе мора да останеме претпазливи дома и во странство“, изјави претседателот Барак Обама.
Тој прецизира дека акцијата била извршена вчера во една вила во близина на Исламабад. Обама додаде дека пакистанските безбедносни сили помогнале во откривањето на Бин Ладен и му се заблагадори на пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари за соработката. Обама оцени дека Соединетите Држави не се во војна со исламот и оти Осама Бин Ладен не бил муслимански лидер, туку масовен убиец.
„Ние исто така мора да потврдиме дека Соединетите Држави не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот. Јас, исто како и претседателот Буш веднаш по 11 септември, јасно кажав дека нашата војна не е против исламот. Бин Ладен не беше муслимански лидер, туку масовен убиец на муслиманите.“
Обама додава дека Ал Каеда има убивано многу муслимани во светот. Затоа неговата смрт, како што рече американскиот претседател, треба да биде поздравена од сите кои веруваат во мирот и човековото достоинство.
Државен непријател број 1
Смртта на Бин Ладен го означи крајот на неговиот возбудлив живот од безгрижен син на саудиски милијардер до терористички лидер и најбаранчовек во светот. Бин Ладен ја создаде и ја финансира терористичката мрежа Ал Каеда која е одговорна за нападите врз Соединетите Држави на 11 септември 2001 година. Тој беше во бегство откако со американската инвазија врз Авганистан беше соборена талибанската влада која го засолнуваше Бин Ладен. Во видео-порака, два месеци по нападите на 11 септември, Бин Ладен изјави дека нивниот тероризам бил против Америка која го поддржува Израел. И пред овие напади, Осама Бин Ладен вежаше за непријател број еден на Соединетите Држави поради неколку напади врз американски цели во Јемен, Саудиска Арабија, Сомалија... Бин Ладен исто така ги користел своите милиони за да финансира терористички кампови во Судан, на Филипините и во Авганистан, за обука на луѓе да поттикнуваат фундаменталистички борби во Северна Африка, Чеченија, Таџикистан и Босна.
Реакции
За време на говорот на Обама, пред Белата куќа се собраа многу луѓе за да го прослават успехот во борбата против Ал Каеда.
Во меѓувреме, Соединетите Држави ги ставија своите амбасади во состојба на готовност и ги предупредија Американците на можни одмазнички напади на Ал Каеда.
Во првите реакции за смртта на Осама Бин Ладен преовладува оценката дека тоа е голем успех. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека смртта на Бин Ладен ќе донесе големо олеснување ширум светот. Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изрази надеж дека оваа вест ќе претставува утеха за оние што ги загубија најблиските на 11 септември 2001 година. Поранешниот претседател Џорџ Буш, пак, смртта на најбараниот светски терорист ја означи како победа за Америка.
„Смртта на Бин Ладен го одбележува најзначајното достигнување досега во напорите на нашата земја да ја порази Ал Каеда. Сепак, неговата смрт не го означува и крајот на нашите напори. Нема сомневање дека Ал Каеда ќе продолжи да извршува напади врз нас. Затоа ние ќе мора да останеме претпазливи дома и во странство“, изјави претседателот Барак Обама.
Тој прецизира дека акцијата била извршена вчера во една вила во близина на Исламабад. Обама додаде дека пакистанските безбедносни сили помогнале во откривањето на Бин Ладен и му се заблагадори на пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари за соработката. Обама оцени дека Соединетите Држави не се во војна со исламот и оти Осама Бин Ладен не бил муслимански лидер, туку масовен убиец.
„Ние исто така мора да потврдиме дека Соединетите Држави не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот. Јас, исто како и претседателот Буш веднаш по 11 септември, јасно кажав дека нашата војна не е против исламот. Бин Ладен не беше муслимански лидер, туку масовен убиец на муслиманите.“
Обама додава дека Ал Каеда има убивано многу муслимани во светот. Затоа неговата смрт, како што рече американскиот претседател, треба да биде поздравена од сите кои веруваат во мирот и човековото достоинство.
Државен непријател број 1
Смртта на Бин Ладен го означи крајот на неговиот возбудлив живот од безгрижен син на саудиски милијардер до терористички лидер и најбаран
Ние исто така мора да потврдиме дека Соединетите Држави не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот. Бин Ладен не беше муслимански лидер, туку масовен убиец на
муслиманите.