Босанскиот Акционен план за членство во НАТО беше одбиен минатиот декември, поради тоа што таа земја не успеа да ги спроведе потребните реформи. Но од тогаш, како што соопшти портпаролот Џејмс Апатурај, Босна направила значаен прогрес, вклучувајќи ги тука и одлуките за уништување на вишокот оружје и за учество на нејзините војници во мисијата во Авганистан. Прифаќањето на Босна е под еден услов - да биде извршен попис на целокупната воена опрема на нејзина територија.
Претходно, министрите разговараа за иднината на Алијансата. Притоа, како што јавуваат агенциите, генералниот секретар Андерс Фог Расмусен, наместо за конкретните идни задачи на Алијансата, често прибегнувал кон воопштувања како например: „во време на неизвесност, НАТО останува неопходен поради силната солидарност меѓу народите со заеднички вредности.“
Голем дел од дебатата во Талин ќе послужи во составувањето на новиот стратегиски концепт на НАТО што се очекува да биде усвоен на самитот во Лисабон во ноември годинава. Расмусен наведе некои од неговите основни претпоставки. Најважно, како што наведе, е јакнењето на врската меѓу Соединетите Држави и европските сојузници:
„Прво, тој мора да ги реафирмира суштинските и трајни темели на НАТО: политичката врска меѓу Европа и Северна Америка и нивната посветеност да се бранат меѓусебно, доколку бидат нападнати. Со тоа може да се каже дека ДНК-та на НАТО нема да се промени.“
Според Расмусен, теоријата на НАТО мора биде во согласност за нејзината практика, што значи дека стратегискиот концепт мора да обезбеди насоки за современите предизвици како што се меѓународниот тероризам, ширењето на оружјето за масовно уништување, сајбер-заканите, како и енергетската безбедност. Но ѓаволот, како и секогаш, лежи во деталите. Најчесто за повеќе прашања постојат различни погледи меѓу 28-те сојузници.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон на своите колеги им порача дека еден од темелните принципи на Соединетите Држави е нивната обврска спрема источноевропските сојузници. Затоа, пак, Вашингтон бара поголем европски придонес во справувањето со предизвиците за кои смета дека се приориетни: Авганистан и борбата против меѓународниот тероризам.
Минатата година, во Авганистан беа испратени помалку од 10 илјади неамерикански војници. Не сите од нив беа обезбедени од НАТО членките.
„Нема причина да се сокрие дека безбедносната ситуација во Авганистан и натаму останува многу предизвикувачка. Многу земји околу масава имаат изгубено војници во оваа мисија. Но, оваа година ќе биде направен напредок“, изјави Расмусен.
Станува јасно и тоа дека европските сојузници ќе мора посамостојно да се грижат за сопствената безбедност, на пример против евентуалните ракетни напади од Иран. Соединетите Држави во моментов остануваат единствениот сојузник со функционален ракетен штит.
Исто така и Командната структура на НАТО од времето на Студената војна, која беше цврсто центрирана во Европа, ќе мора во голема мера да биде променета. Сепак, Русија можеби е едно од прашањата за кои постојат најмногу поделби во НАТО. За разлика од источноевропските членки, повеќето западни земји, веруваат дека Русија мора повеќе да биде ангажирана како партнер. Засега Вашингтон е на средината, обидувајќи се да ги поправи односите со Москва, но и да ја смири Источна Европа.
Како сигнал на латентните тензии, некои официјални претставници посочуваат дека Москва одбила во Талин да се одржи и состанок на Советот НАТО-Русија. Естонија е поранешна советска република, чии односи со Русија се помалку од срдечни.

Прво, мора да се реафирмираат суштинските и трајни темели на НАТО: политичката врска меѓу Европа и Северна Америка и нивната посветеност да се бранат меѓусебно, доколку бидат нападнати. Со тоа може да се каже дека ДНК на НАТО нема да се промени.