Холандската коалициска влада се распадна поради несогласувања за продолжување на мандатот на холандските војници во Авганистан. По разговорите меѓу коалициските партии што траеле околу 16 часа, демохристијанскиот премиер Јан Петер Балкененде објави дека Лабористичката партија решила да се повлече од владата.
НАТО побара од Холандија да го продолжи ангажманот на холандските војници 'во Авганистан и по изминувањето на крајниот рок за повлекување, август 2010 година. Балкененде од централно десничарската Христијанска демократска алијанса ја поддржа таа идејата, но лабористите, втората по големина партија во владејачката коалиција, се спротивстави и побара повлекување на војниците според порано планираното, август годинава.
Околу 2 илјади холандски војници од 2006 година се стационирани во Урузган, провинција која се наоѓа во јужниот дел на Авганистан. Од тогаш досега таму загинаа дваесетина холанѓани, а тоа предизвика голема негодување кај домашната јавност. Според
Повлекувањето на холандските војници ќе биде сериозен удар и за авганистанските и за НАТО силите. Холандија е значајна европска и НАТО држава и ако се повлекува од Авганистан и други европски земји, една по друга, ќе почнат да заминуваат од Авганистан ...
Претходно, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен побара од Холандија нејзините војници да останат до август 2011 со нов мандат за обука на авганистанските војници. Сега, иднината на холандската мисија во Авганистан зависи од формирањето нова влада, велат демохристијаните, додавајќи дека предвремени избори можат да се очекуваат во текот на годинава.
Експертите сметаат дека одлуката на Холандија да не ја прошири својата мисија може да има домино ефект и врз другите земји на НАТО со војници со Авганистан. Анкетите во поголем дел од нив укажуваат дека луѓето се противат на испраќањето војници во Авганистан.
„Повлекувањето на холандските војници ќе биде сериозен удар и за авганистанските и за НАТО силите. Холандија е значајна европска и НАТО држава и ако се повлекува од Авганистан и други европски земји, една по друга, ќе почнат да заминуваат од Авганистан.“
Вели Ахмад Саеди политички аналитичар во Кабул. НАТО мисијата ИСАФ во Авганистан беше основана во декември 2001 година. Во неа има повеќе од 61.000 војници од 42 земји, вклучувајќи 26 членки на НАТО и 10 партнери, како и две не-НАТО земји.