Достапни линкови

Стратегија за пораз на талибанците


Генерал Мек Кристал на сведочењето во Капитол Хил
Генерал Мек Кристал на сведочењето во Капитол Хил
Американскиот генерал Стенли Мек Кристал, сведочејќи во Комитетот на Конгресот во Вашингтон, го опиша Осама бин Ладен како фигура која преставува икона за екстремистите, и рече дека неговиот опстанок е значаен за Ал-Каеда.

„Мисијата во Авганистан е многу тешка и за успех е потребна посветеност и тоа чини“.

Во неговите забелешки тој изјави дека доаѓањето на американските трупи ќе ја пресврти ситуацијата за една година, и со тоа ке се обезбеди конечен пораз на Талибанците во авганистанскиот конфликт.

„Почнувајки од овој месец всушност, со разместувањето, ние значително ке ја зголемиме бројноста на силите на теренот што ке доволи пресврт и на самиот терен ,но и во очите на авганистанците за околу 18 месеци“.
Со разместувањето значително ќе ја зголемиме бројноста на силите на теренот со што ке дојде до пресврт на ситуацијата и во очите на авганистанците за околу 18 месеци

Според Мек Кристал, дополнителните 30.000 американски војници одобрени од страна на Претседателот Барак Обама во Авганистан, ќе помогнат во намерата Талибанците да бидат отсечени од остатокот на авганистанската популација.

"Талибанците немаат широко распространета област. Тие имаа неуспешна власт и немаат привлечна визија. "

Според сведочењето на генерал Мек Кристал од летото 2011 на авганистанскиот народ ке му биде јасзно дека талибанците нема да победат што ке им даде на луѓето кураж, да ја подржат авганистанската влада. Откако американскиот Претседател Барак Обама ја објави својата стратегија за Авганистан, неговите луѓе презедоа медиумска кампања да ја објаснат. Американскиот амбасадор во Авганистан Карл Екембери сведочеше заедно со Мек Кристал во Конгресот.

„Јас верувам дека курсот што го превзеде Претседателот е најдобриот пат за стабилизација на Авганистан“.

Адмиралот Макл Мулен пак одговори на скептицизмот на Иран дека зголемувањето на американските сили ке донесе некаква разлика во Авганистан.

„Јас силно верувам дека е донесена исправна одлука. Некои не мислат така и тоа не ме изненадува, а Иран пак воопшто не ме изненадува. Иран граничи со Авганистан и секако има свои интереси и сигурен сум дека набљудуваат што се случува“.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG