Охридската спортска риболовна понуда е неискористена и покрај интересот од домашните и странските гости
Освен рибите и рибните специјалитети за сладокусците, на Охрид му недостасува и риболовен туризам, кој е тренд особено актуелен во светот, што прераснува во атракција, масовен и елитен туризам, кој носи добри приходи и профит како стопанска гранка. Охридското Езеро кое има идеални услови и потенцијали за туристичко-спортска-риболовна понуда, е неискористено како дестинација, за што веќе интерес има меѓу странските посетители на крајбрежјето.
„Срамота и жалосно е ова што се случува во Охрид, каде 12 проценти од домашните гости се спортски рекреативни риболовци, а и странците кои доаѓаат преку агенциите и тур-операторите бараат риболов. Кога го одбивме барањето на Холанѓаните и им објаснивме дека во Охрид може да рибарат, ама пречка е неиздавањето на дозволи и не е регулирано како што треба, тие се повлекоа од идејата. Имаше и една група со Финци, кои сакаа да се рекреираат ловејќи риба од езерскиот брег, не со кајче. Кога им рековме дека можат да ловат, никој не им брани, но дека не можат да извадат дозвола за тоа, тие не сакаа и со насмевка ни рекоа дека во Финска има повеќе од 60 илјади езера и доколку ова кај нив се случи, ќе настане вистински хаос“, вели страствениот риболовец Радован Димитриески, претседател на спортско-риболовниот клуб Свети Апостол Петар.
Тој апелира до владата, преку Министерството за земјоделство да додели концесии и да овозможи спортско-рекреативен риболов на реките и езерата, што заедно со стопанскиот на Охридското Езеро е забранет 7 години, на сметка на што во подем е рибокрадството и продажбата на рибата на црно. На Охридското Езеро историјатот на риболовот датира од древни времиња, вели Димитриески, според кого риболовот, кој е скапо задоволство на туристите авантурсти желни за нови подводни доживувања, треба со осмислена понуда да се нуди како пакет туристички прозвод во странство.
„Планираме изградба на аквариум на вода во Охрид, заедно со музејот. Во тој аквариум ќе бидат сместени живи примероци на целокупната флора и фауна, односно на живиот свет во Охридското Езеро, каде што секој посетител ќе може да ги види во жива форма и да се запознае со нивните особини. Исто така во обејктот ќе биде претставено како се ловела рибата со риболовниот алат од праисторијата до денес, што ќе им користи не само на нашите основци и средношколци, на туристите кои сакаат да го видат живиот свет во Охридското Езеро, и на сите екскурзијанти кои ќе поминат на овие простори треба да продефилираат низ аквариумот и да видат што има во Охридското Езеро.“
Димитриески, како претставник на 200 охридски и 16 илјади риболовци во Македонија, жали што нивните анкети покажале дека 99 проценти од испитаните ученици во Охрид и Струга не знаат кои риби живеат во Охридското Езеро, ниту знаат да разликуваат пастрмка од крап, за што според него се неоходни едукативни предавања. Димитрески, кој работи на изготвување на првата риболовната туристичка карта на Македонија, која треба да се промовира на странските берзи и саеми од страна на државата и Охрид, со што ќе се нуди превоз, водич, сместување, мамки, лов на големи длабочини, за привлекување на дел од 20 милиони туристи во Европа, каде 50 проценти на населението во скандинавските земји се риболовци, а 30 отсто од нив се жени.
Охридскиот риболовен клуб се подготвува за организација меѓународна лига во спортски риболов со илјада учесници и на првиот фестивал на плашицата во есенско-зимскиот период, со цел да се продолжи сезоната надвор од летото.
„Целта ни е да привлечеме многу гости, за што имаме над сто активности, ќе се подготвуваат чорби, сардини, ќе се пржи и продава плашица по симболична цена во тутурки по 15 денари 15 плашици, од друга страна и пиво и вино и сето тоа зачинето со музичари, кои ќе пловат по каналот Билјанини Извори, каде ќе настапат драмски групи, што ќе биде нешто ново, што му недостасува на Охрид, кој треба да се препознава по рибата“, вели долгогодишниот риболовец и поборник за заштита на рибата Радован Димитриески.

Имаше и една група со Финци, кои сакаа да се рекреираат ловејќи риба од езерскиот брег, не со кајче. Кога им рековме дека можат да ловат, никој не им брани, но дека не можат да извадат дозвола за тоа, тие не сакаа и со насмевка ни рекоа дека во Финска има повеќе од 60 илјади езера и доколку ова кај нив се случи, ќе настане вистински хаос.Радован Димитриески, претседател на спортско-риболовниот клуб Свети Апостол Петар.
Тој апелира до владата, преку Министерството за земјоделство да додели концесии и да овозможи спортско-рекреативен риболов на реките и езерата, што заедно со стопанскиот на Охридското Езеро е забранет 7 години, на сметка на што во подем е рибокрадството и продажбата на рибата на црно. На Охридското Езеро историјатот на риболовот датира од древни времиња, вели Димитриески, според кого риболовот, кој е скапо задоволство на туристите авантурсти желни за нови подводни доживувања, треба со осмислена понуда да се нуди како пакет туристички прозвод во странство.
„Планираме изградба на аквариум на вода во Охрид, заедно со музејот. Во тој аквариум ќе бидат сместени живи примероци на целокупната флора и фауна, односно на живиот свет во Охридското Езеро, каде што секој посетител ќе може да ги види во жива форма и да се запознае со нивните особини. Исто така во обејктот ќе биде претставено како се ловела рибата со риболовниот алат од праисторијата до денес, што ќе им користи не само на нашите основци и средношколци, на туристите кои сакаат да го видат живиот свет во Охридското Езеро, и на сите екскурзијанти кои ќе поминат на овие простори треба да продефилираат низ аквариумот и да видат што има во Охридското Езеро.“
Целта ни е да привлечеме многу гости, за што имаме над сто активности, ќе се подготвуваат чорби, сардини, ќе се пржи и продава плашица по симболична цена во тутурки по 15 денари 15 плашици.Радован Димитриески, претседател на спортско-риболовниот клуб Свети Апостол Петар.