Македонија на „грчки“ пат?

Нова владина емисија државни обвзници и ново задолжување. Има ли опасност на Македонија да и се случи грчка криза?
Нема доволно информации и комплетни појаснувања, како ни издржани аргументи и анализи на државното задолжување кое од краткорочно со денешната аукција на петгодишни државни обврзници за да собере околу 11 милиони евра дополнителен заем, ја менува практиката. Она што државата во медиумите го наведе како аргумент за новото задолжување е овозможување поквалитетно портфолио на пензиските друштва.
И токму тоа е тој тренд што мене ме загрижува и ги загрижува оние аналитичари, добро ако е ова тренд до каде ќе оди? Затоа што со текот на времето владата практицира таков вид на владеење за кој и треба се повеќе и повеќе пари.
Ванчо Узунов, универзитетски професор.

Според професорот Ванчо Узунов, државата не нуди доволно аргументи зошто ова задолжување е најдобрата алтернатива.
x

„И што сака владата да каже, дека нејзе не и требаат стоте милиона туку ова го презема заради атер на тие друштва? Што е алтернативата, зошто тоа мора сега да се направи, зошто тоа е најопортуно сега да се направи?“

Според Узунов, ова не покажува дека буџетот е во најдобра состојба како што тврди министерсвото за финансии, зошто ако е тоа така стануваат уште помалку оправдани ваквите задолжувања коишто ќе го оптоваруваат буџетот и ќе го втурнат во нови задолжувања. Тврдењата и анализите дека спаѓаме во умерено задолжени држави не се утеха, зошто она што најмногу загрижува е трендот.

„И токму тоа е тој тренд што мене ме загрижува и ги загрижува оние аналитичари, добро ако е ова тренд до каде ќе оди? Затоа што со текот на времето владата практицира таков вид на владеење за кој и треба се повеќе и повеќе пари.“
Ако се продолжи вака со некапитални инвестиции, непродуктивни, неприходни, мислам дека многу бргу ќе дојде време кога ние ќе бидеме на некоја црвена линија на неможност на плаќање на тој долг
Висар Адеми, економски аналитичар

Доколку трендот на задолжување продолжи, голем дел од идните буџетски расходи ќе бидат однапред определени и нема да може да се води премногу самостојна политика, а голем дел од слободните пари на бизнисмените ќе се одземаат во државниот буџет за да се алиментира политиката што се спроведува сега, додава Узунов.

„Ако се продолжи вака со некапитални инвестиции, непродуктивни, неприходни, мислам дека многу бргу ќе дојде време кога ние ќе бидеме на некоја црвена линија на неможност на плаќање на тој долг“, додава економистот Висар Адеми.

Државата треба да планира барем на среден рок и да почне да преземе реформи кои ќе намалуваат потребата од понатамошно задолжување, заклучуваат економистите. До 2008 година, државата ги враќаше долговите, оттогаш наваму државниот долг постојано расте.