И покрај тоа што Дебар и поширокиот регион располагаат со бројни водни ресурси кои овозможуваат развој на рибарството, оваа можност не е искористена.
Дебар и поширокиот регион располагаат со бројни водни ресурси кои даваат големи можности за огледување на повеќе видови риби во базени и кафези. Ова го тврдат експерти по рибарство од нашава земја кои сметаат дека досега не се искористени овие богати водни ресурси за подинамиечен развој на рибарството. Како во Дебарското Езеро, така и во реките Радика и Црн Дрим, но и во неколкуте бистри селски реки во долна Река и Жупа, особено има прекрасни услови за одгледување на крап и пастрмка, вели експертот по рибарство Сузана Дураку.
„Во Дебар, езерото дава големи можности за одгледување на крап во кафези, но и огледувањето на пастрмката во базени. И реките исто така даваат големи можности за развој на рибарството. Мислам дека време е да се започне со расправа на оваа тема бидејќи можностите се големи. Можностите за одгледување на повеќе видиви риби се големи. Ова значи дека не се доволно искористени водните ресурси, се дозволува ловење на рибата на нелегален начин“, вели Дураку.
Податоците говорат дека економските ефекти од изградбата на базени и кафези за огледување риби во Дебар и поширокиот регион, би биле големи. Дураку, која има докторирано на тема „Заштитата на водите од рибниците и рециклирање на отпадот од рибниците“, оценува дека постојните рибници во околината на Дебар, но и ако се изградат и други базени и кафези во реките и езерото, нема да го загадат еколошки ниту езерото ниту реките.
„Мислам дека три до четири рибници што ги имаме во близина на Дебар не се опасност за загадување на езерото и другите водни ресурси. Со оглед на големите ресурси, ниту изградбата на повеќе базени и кафези нема да нанесе еколошки проблеми и нема да претставуваат закана за езерото и реките“, објаснува Дураку.
Последните месеци над десетина иселеници од Дебар кои живеат и работат во западноевропските земји покажуваат зголемен инетерес за инвестирање во изградба на базени и кафези за одгледување на риби, како во езерото, така и во реките. Особено е нагласен интересот за изградба на рибници во областа Мала Река и Жупа.
Во Дебар, езерото дава големи можности за одгледување на крап во кафези, но и огледувањето на пастрмката во базени. И реките исто така даваат големи можности за развој на рибарството. Мислам дека време е да се започне со расправа на оваа темаСузана Дураку, експерт по рибарство.
„Во Дебар, езерото дава големи можности за одгледување на крап во кафези, но и огледувањето на пастрмката во базени. И реките исто така даваат големи можности за развој на рибарството. Мислам дека време е да се започне со расправа на оваа тема бидејќи можностите се големи. Можностите за одгледување на повеќе видиви риби се големи. Ова значи дека не се доволно искористени водните ресурси, се дозволува ловење на рибата на нелегален начин“, вели Дураку.
Податоците говорат дека економските ефекти од изградбата на базени и кафези за огледување риби во Дебар и поширокиот регион, би биле големи. Дураку, која има докторирано на тема „Заштитата на водите од рибниците и рециклирање на отпадот од рибниците“, оценува дека постојните рибници во околината на Дебар, но и ако се изградат и други базени и кафези во реките и езерото, нема да го загадат еколошки ниту езерото ниту реките.
Ниту изградбата на повеќе базени и кафези нема да нанесе еколошки проблемиСузана Дураку, експерт по рибарство