Спектакуларен пречек на кошаркарите

Илјадници граѓани заедно со македонските кошаркари денеска слават за освоеното четвртото место на ЕП во Литванија.
Илјадници граѓани заедно со македонските кошаркари денеска слават за освоеното четвртото место на ЕП во Литванија. 5.000 навивачи ги пречека кошаркарите на аеродромот Александар Велики. Се пееја навивачки песни, се вееа знамиња, а блицовите од апаратите за фотографирање блескаа од сите страни. Селекторот на репрезентацијата Марин Докузовски и кошаркарите, изјавија дека вчера по поразот им било тешко, но дека се поминало кога виделе колку луѓе ги поддржуваат и каков пречек имаат.
Верувајте ни, не ни треба медал, вие сте вашиот медал и злато да ни дадете сега не го сакаме, вас ве сакаме
Марин Докузовски, селектор

По пречекот, кошаркарите, се сместија во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, на кој пишува „Со срце за Македонија“ и има нацртано баскет. Од автобусот ечеа песни, пееја и кошаркарите и луѓето кои ги поздравуваа распоредени по целата рута од аеродромот до плоштадот Македонија. Автомобилите застануваа и со сирените ги поздравуваа кошаркарите. По прошетката низ градот, прославата продолжи на скопскиот плоштад.

На плоштадот, каде изминатите денови се следеа натпреварите на репрезентацијата, кошаркарите прво заиграа оро. Она што не успееја да го направат политичарите сами, го сторија кошаркарите, го обединија народот, ги обединија политичарите. На плоштадот пратениците и од власта и од опозицијата заедно ја славеа победата.

Кошаркарите пречекани како херои



Кошаркарите потоа им се обратија на своите навивачи.

„Верувајте ни, не ни треба медал, вие сте вашиот медал и злато да ни дадете сега не го сакаме, вас ве сакаме“, изјави селкторот Марин Докузовски.

„Секој спортист сонува за ваков пречек, ова ќе остане засекогаш во нашите срца и би сакал да кажам дека нашата репрезентација ќе се бори максимално, а за резултати не ветуваме, но срцата ќе ги оставиме на теренот“, изјави капитенот Перо Антиќ.
Секој спортист сонува за ваков пречек, ова ќе остане засекогаш во нашите срца и би сакал да кажам дека нашата репрезентација ќе се бори максимално
Перо Антиќ, капитен на кошаркарската репрезентација.
Македонските кошаркари го загубија првиот натпревар во групата „Ц“ на ЕП од Црна Гора. Потоа се нижеа победите против Хрватска, Грција, Финска и БиХ. Во втората фаза, Македонија ги порази Грузија и Словенија и го загуби последниот натпревар од втората фаза против Русија. Во четвртфиналето, Македонија беше подобра од домаќинот, Литванија, но во полуфиналето беше совладана од шампионот, Шпанија. Во натпреварот за третото место, македонските кошаркари повторно изгубија од Русија, но со освоеното четврто место го постигнаа најдобриот резултат во историјата на македонската кошарка.

Натурализираниот Македонец, родум од Њу Орлеанс, Лестер Бо Мекејлеб, влезе во најдобрата петорка на првенстово. Мекејлеб е најдобар стрелец на првенството со постигнати 235 поени, со просечно 21,4 поени по натпревар. Само Тони Паркер од Франција има повисок просек од него, 22,4 поени по натпревар. Антиќ, со 93 скокови, е најдобар скокач на првенството. Со 72 дефанзивни скока, тој е најдобар и во оваа категорија. Според бројот на украдени топки, Мекејлеб е втор со вкупно украдени 23 топки, а Војдан Стојановски е четврти со 19 украдени топки на првенството.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пречек на кошаркарската репрезентација