Со концертот на камерниот хор Проарс во предворјето на црквата Пресвета Богородица во Калишта, започнува 36-то издание на Струшка музичка есен.
Бројни научни трудови од областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката педагодија и медијавистиката и овојпат ќе бидат презентирани на традиционалната музичко-научна манифестација СТРУШКА МУЗИЧКА ЕСЕН, што ќе се одржи во деновите од престојниот викенд и која како организатор ја потпишува Сојузот на композиторите на Македонија.
„Мотивите за одржувањето на Струшката музичка есен се всушност оние кои што ги имаме секоја година, а тоа е една исклучително лоша состојба во областа на музичката наука кај нас којашто се рефлектира врз музичката култура и музичкото творештво“, истакнува Марко Коловски, претседател на СОКОМ.
Тој притоа проблемот го лоцира во непостоењето на позначајни проекти од оваа област во Македонската академија на науки и уметности неколку години наназад, во непостоењето на музиколошки институт, во неблагопријатната положба на етномузиколошкиот институт и заклучува дека:
„И кога состојбата би се оладила до крај прашање е дали ние би можеле да се надеваме дека некогаш ќе стигнеме до тоа да имаме историја на македонската музичка култура што е еден императив на секоја држава и култура.“
Инаку, годинава покрај утврдените традиционални тематски содржини, особено внимание дел ќе се посвети и на одбележувањето на јубилеите на македонските композитори кои оставија длабоки траги во развојот на музичкото творештво на овие простори. Ќе бидат одбележани јубилеите - 10 години од смртта на Властимир Николовски и Драган Шуплевски, 100 години од раѓањето на Илија Тодоровски, 90 години од раѓањето на Благоја Ивановски, 80 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски-Шпато и Тома Прошев, како и 70 години од раѓањето на Стојан Стојков и Михајло Димовски.
Наедно, ќе се говори и за проблемите и перспективите на современата македонска музика, музикологијата и критиката, педагогијата, афирмацијата на изворната музика и ќе бидат понудени опсервации врз македонското црковно пеење со посебна заложба за старовизантиското пеење во Македонската православна црква.
„Мотивите за одржувањето на Струшката музичка есен се всушност оние кои што ги имаме секоја година, а тоа е една исклучително лоша состојба во областа на музичката наука кај нас којашто се рефлектира врз музичката култура и музичкото творештво.Марко Коловски, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија.
„Мотивите за одржувањето на Струшката музичка есен се всушност оние кои што ги имаме секоја година, а тоа е една исклучително лоша состојба во областа на музичката наука кај нас којашто се рефлектира врз музичката култура и музичкото творештво“, истакнува Марко Коловски, претседател на СОКОМ.
Тој притоа проблемот го лоцира во непостоењето на позначајни проекти од оваа област во Македонската академија на науки и уметности неколку години наназад, во непостоењето на музиколошки институт, во неблагопријатната положба на етномузиколошкиот институт и заклучува дека:
„И кога состојбата би се оладила до крај прашање е дали ние би можеле да се надеваме дека некогаш ќе стигнеме до тоа да имаме историја на македонската музичка култура што е еден императив на секоја држава и култура.“
Прашање е дали ние би можеле да се надеваме дека некогаш ќе стигнеме до тоа да имаме историја на македонската музичка култура што е еден императив на секоја држава и култура.Марко Коловски, претседател на Сојузот на композитори на Македонија.