Достапни линкови

Нов албум на „Скопје конекшн“


Членовите на „Скопје Конекшн“
Членовите на „Скопје Конекшн“

„Скопје конекшн го среќава Ернст Рејсегер“ е насловен новиот, втор по ред албум на македонските џез музичари Георги Шарески и Џијан Емин, италијанскиот трубач Лука Аквино и нивниот холандски колега и познат европски челист Ернст Рејсегер.

Нецели две години по обелоденувањето на одличниот првенец Амам, албумот што на најдобар можен начин ја озвучи средбата на тројцата извонредни инструменталисти, Лука Аквино – труба, Геерги Шарески – гитара и Џијан Емин – хорна и акордион или заедно СКОПЈЕ КОНЕКШН, еве ги со нова објава. Изданието е насловено како „Скопје
Самиот звук на албумот мислам дека е поконкретен и има доста поведри теми.
Џијан Емин, музичар
конекшн го среќава Ернст Рејсегер“ и на него е документирана нивната плодотворна средба со познатиот холандски челист и творец кој не само што е долгогодишен соработник на култниот германски режисер Вернер Херцог, туку многупати се искачувал на сцена со виртуози како нам добро познатите Јо Јо Ма, Трилок Гурту, Луис Склавис, Хан Бенинк, Дерек Бејли, Миша Мелгенберг и други.

Продуцент на албумот е Италијанецот Енрико Блумер, материјалот е снимен во Хилверсум, Холандија, миксуван е во Скопје од Ален Хаџи Стефанов, а мастерингот е правен во легендарното Реинбоу студио во Осло, Норвешка.

„Новиот албум требаше да биде снимен во трио и ние имавме многу концерти со тој материјал кој што требаше да го снимиме и се случи инцидентно на Ернст Рајсегер му се допадна тоа што го работиме ние, и праша дали може и тој со нас да правиме некоја музичка средба, концерт и слично и всушност одлучивме да снимиме заедно материјал“, вели Џијан Емин.
Албумот „Скопје конекшн го среќава Ернст Рeјсегер“.
x
Албумот Скопје конекшн го среќава Ернст Рeјсегер.

Тој дополнува дека на изданието се забележани 13 нови композиции и импровизации што како автори ги потпишуваат македонските уметници и дека музиката е поразлична од објавата која во 2009 година тие ја снимија во Чифте амам и која влезе во кругот на најдобрите според критичарите на италијанското издание на интернет џез магазинот Аllaboutjazz.com.

„Самиот звук на албумот мислам дека е поконкретен и има доста поведри теми.“
На Ернст Рајсегер му се допадна тоа што го работиме ние, и праша дали може и тој со нас да правиме некоја музичка средба, концерт и слично и всушност одлучивме да снимиме заедно материјал.

Шарески и Емин веќе ги започнаа подготовките за македонската промоција која е плнирано да биде наскоро, а деновиве заминуваат и во соседна Бугарија каде на продуцентите од светот треба да им ја претстават својата нова музика.

„Следната недела одиме до Балчик, тоа е едно место до Варна, каде што има една средба на многу продуценти, музичари, агенти од цела Европа и се надевам дека таму ќе направиме фина промоција и очекуваме да имаме доста, доста турнеи со овој материјал.“

„Скопје конекшн го среќава Ернст Рејсегер“ во продажба се појави деновиве, а она што е интересно е дека паралелно со европската ќе се врши дистрибуција на носачите на звук и во САД, Јапонија и во Кина.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG