Платото пред манастирот Свети Никола Моклишки, во престојниве два дена, ќе биде една од сцените на која ќе се случува второто издание на меѓународната музичка манифестација ЏЕЗ САМИТ КАВАДАРЦИ 2011. А, таму со нетрпение се очекуваат настапите на врвни мајстори како
американскиот перкусионист од кубанско потекло Оскар Салас, Костас Анастисијадис – еден од најдобрите балкански тапанари и виртуоз на индиски удиралки од соседна Грција, Васил Хаџиманов – пијанист од Белград и водач на една од најдобрите фјужн постави во Србија, член на составот ДАРКВУД ДАБ и придружник на концертите на својот татко – шансоњерот Зафир и тетка му Бисера Велетанлиќ и македонските џезери Тони Китановски, Иван Бејков, Александар Секуловски, саксафонистот Сашко Серафимов и младите и енергични ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ.
„Кавадарци имаше и минатата година нешто што повеќе личеше на пилот меѓутоа повторно беше серозен џез фестивал бидејќи беше полна салата, а оваа година ќе има еминентни и врвни музичари“, објаснува Китановски, кој наедно е уметнички директор на фестивалот.
Тој дополнува дека за ваквиот концепт организаторите се решиле со цел не само да понудат уникатна програма туку и да им овозможат на музичарите низ директен контакт меѓу себе и со публиката да ја креираат слободата на творештвото.
„Тоа сме го правеле милион пати, ако имаш вистински музичари ќе биде интересно, бидејќи да ги споиш овие луѓе заедно да свират е многу комплицирано.“
Зад организацијата на ова случување стојат локалната самоуправа на Општина Кавадарци и Домот на културата Иван Мазов – Климер, а Дано Белевски потенцира дека фестивалот има и една друга димензија.
„Гледаме дека и самата млада популација има проблеми со оваа музика, со овие нови шундови на песни што ни се пласираат, наше е да им понудиме на младите, да видат, и да се надеваме дека ќе продолжи ова.“
Инаку, во рамките на фестивалот се планирани и неколку придружни активности, па така првиот ден ќе се одржи ликовна школа на тема Младите и џезот, а во сабота и работилница со работен наслов Џезот, уметноста и виното. Конечно, ЏЕЗ САМИТ КАВАДАРЦИ, заедно со фестивалите во Штип, новопромовираниот во Охрид и Големиот СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ имаат една единствена цел – да го чуваат урбаниот дух на генерациите во Македонија.
Кавадарци имаше и минатата година нешто што повеќе личеше на пилот меѓутоа повторно беше серозен џез фестивал бидејќи беше полна салата, а оваа година ќе има еминентни и врвни музичари.
„Кавадарци имаше и минатата година нешто што повеќе личеше на пилот меѓутоа повторно беше серозен џез фестивал бидејќи беше полна салата, а оваа година ќе има еминентни и врвни музичари“, објаснува Китановски, кој наедно е уметнички директор на фестивалот.
Тој дополнува дека за ваквиот концепт организаторите се решиле со цел не само да понудат уникатна програма туку и да им овозможат на музичарите низ директен контакт меѓу себе и со публиката да ја креираат слободата на творештвото.
„Тоа сме го правеле милион пати, ако имаш вистински музичари ќе биде интересно, бидејќи да ги споиш овие луѓе заедно да свират е многу комплицирано.“
Гледаме дека и самата млада популација има проблеми со оваа музика, со овие нови шундови на песни што ни се пласираат, наше е да им понудиме на младите, да видат, и да се надеваме дека ќе продолжи ова.