Според податоци од невладините организации, околу 2.000 деца, претежно од ромска етничка заедница, питачат низ улиците на државата.
Деца од неколкумесечна и неколкугодишна возраст, над 60 проценти од ромската етничка заедница, оставени на земја питачат и со лошата социјална и здравствена состојба изнудуваат сожалување и пари од минувачите по улиците, чаршиите, на мостовите. Оваа стара слика стана се почеста во Скопје и останатите градови во државава, каде според Министерството за труд, на улица има околу 500, додека според невладините организации неофицијално 2.000 деца се на улица, а 18,5
илјади деца се исклучени од воспитно-образовниот процес, што е загарантирано право според Уставот и конвенцијата за правото на детето.
„Овие деца се најчести жртви на економска, комерцијална експлоатација, имаме злоупотреба на најлошите форми, како што е детска проституција, трговија со органи, секс туризам, на подведување за остварување профит и продажба на наркотични средства. Дневните центри сега се делумно решение, децата по 16 часот повторно се на улица и во употреба и злоупотреба на родителите. Едноставно треба да остварат зацртана норма, зацртана од нивните родители. А доколку се вклучат децата во образование и им се дадат социјали бенефиции на овие семејства, барем еден родител да работи или да бидат постојано под мониторинг на цетрите за социјална работа, дали квалитетно го остваруваат родителското право, тогаш имаме големи шанси децата да ги оттргнеме од крстосниците и да ги вклучиме во образованието. Со тоа, ќе ги решиме проблемите на сиромаштијата и неписменоста“, вели Драги Змијанац од детската амбасада „Меѓаши“.
Според него, „децата на улица“ не се грда слика на градовите, туку жртви на нивните родители и слабостите на системот и центрите за социјални работа, кои треба да имаат построг надзор на терен и врз родителското право, за што се превземаат акции во соработка со МВР.
„Одземени се шест деца од улица само на територијата на Скопје, во Куманово оваа бројка е 14, спроведена е акција и во Тетово, што ќе продолжи и во другите градови во земјава. За 11 родители е издадено решение за вршење надзор на вршење на родителското право, за четворица се поведени постапки за одземање на родителското право пред надлежниот суд, а сите деца се згрижени во рамки на згрижувачки семејства и во установи“, вели министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
На заштита на детските права работи и институцијата правобранител.
„Треба да се води глобална акција во општеството, при што не треба да се поштеди ниту една институција. Тука пред се мислам и на граѓанскиот сектор и на медиумите. Треба да се насочиме кон создавање на пореални и поголеми можности правната регулатива, зацртаните задачи и активности да се спроведат што побрзо“, вели Иџет Мемети, народен правобранител на Македонија.
Мемети и 14 детските омбудсмани од 12 земји на југоисточна Европа расправаат за заштита на детето од економска експлоатација на конференција во Охрид, каде според организацијата „Спасете ги децата“, е оценето дека овој феномен поради рецесијата во регионов се зголемува, каде тие мигрираат, и често и сезонски, ромските деца на улица најбројни се во Романија, Бугарија и БиХ, а во сите земји треба комплексно да се работи на нивна подобра иднина.
Овие деца се најчести жртви на економска, комерцијална експлоатација, имаме злоупотреба на најлошите форми, како што е детска проституција, трговија со органи, секс туризам, на подведување за остварување профит и продажба на наркотични средстваДраги Змијанац, „Меѓаши“
илјади деца се исклучени од воспитно-образовниот процес, што е загарантирано право според Уставот и конвенцијата за правото на детето.
„Овие деца се најчести жртви на економска, комерцијална експлоатација, имаме злоупотреба на најлошите форми, како што е детска проституција, трговија со органи, секс туризам, на подведување за остварување профит и продажба на наркотични средства. Дневните центри сега се делумно решение, децата по 16 часот повторно се на улица и во употреба и злоупотреба на родителите. Едноставно треба да остварат зацртана норма, зацртана од нивните родители. А доколку се вклучат децата во образование и им се дадат социјали бенефиции на овие семејства, барем еден родител да работи или да бидат постојано под мониторинг на цетрите за социјална работа, дали квалитетно го остваруваат родителското право, тогаш имаме големи шанси децата да ги оттргнеме од крстосниците и да ги вклучиме во образованието. Со тоа, ќе ги решиме проблемите на сиромаштијата и неписменоста“, вели Драги Змијанац од детската амбасада „Меѓаши“.
Според него, „децата на улица“ не се грда слика на градовите, туку жртви на нивните родители и слабостите на системот и центрите за социјални работа, кои треба да имаат построг надзор на терен и врз родителското право, за што се превземаат акции во соработка со МВР.
Треба да се води глобална акција во општеството, при што не треба да се поштеди ниту една институција. Тука пред се мислам и на граѓанскиот сектор и на медиумите.Иџет Мемети, Народен правобранител.