Почнува раниот откуп на тутунот

Тутунопроизводители од Прилеп

На први септември официјално започнува раниот откуп на тутунот од годинешната реколта.
Првин ќе бидат изложени мострите за откуп, кои треба да се почитуваат при процената, а регуларноста ќе ја следат повереници од тутунските здруженија на секоја од 27-те откупни ваги. Според најавите, битолскиот лиценциран откупувач Сокотаб и кавадаречка Алијанса ќе почнат со откуп на 5 ти, а по 10 дена и Струмица-табак. Изборот на кооперантите кои случија договори, го направија откупувачите кои ќе преземат 1500, а можеби и повеќе тони тутун од годинешната реколта во оваа рана фаза на откуп.
Динамиката ќе биде по 4 до 5 дена во откупeн пункт, во зависност од компанијата.

„Динамиката ќе биде по 4 до 5 дена во откупeн пункт, во зависност од компанијата. Инаку Сокотаб најавува некаде 600 тони тутун, Струмица табак исто така, а Алијанса 300 до 500 тони тутун. Има кооперанти потпишани договори, е сега колку ќе бидат спремни да го изманипулираат, ќе зависи од временските услови“, вели Данчо Милески, претседател на
x

Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Тој додава дека и покрај упатствата на откупувачите сепак, не може да се гарантира квалитетна манипулација во овој период, зашто производителите не располагаат со солидни услови за тоа. Сепак доколку се постигнат повисоки цени и се изврши навремена исплата по 7 дена од денот на предавањето, раниот откуп ќе биде исплатлив за тутунарите.

„Има производители кои се наоѓаат на раб од својата егзистенција, па се случува секоја година, за време на бербата да го предаваат на диви откупувачи, кои што им го откупуваат такаречи за без пари. Е, сега ова е прилика за нив да го предадат и да остварат приход, а ако се продава на друг откупувач се разбира дека нема да добијат субвенции“, истакнува Милески.
Но, освен дилемите кај некои производители дали да го предадат родот во раниот или пак за време на вообичаениот откуп што започнува од 15 декември, многу тутунари годинава се соочуваат со големи проблеми, не потпишаа договори со ниту еден откупувач.

„Имаат производство засадено на ризик, немаат договор со ниту едно откупно претпријатие, причината беше што откупните фирми тогаш не покажуваа интерес за склучување договори, а сега тие трчаат и бараат што поголем број тутунари да се запишат во овој пилот проект“, истакнува Илија Тотески, член на Сојузот од крушевскиот регион.
Има производители кои се наоѓаат на раб од својата егзистенција, па се случува секоја година, за време на бербата да го предаваат на диви откупувачи, кои што им го откупуваат такаречи за без пари.

Тој додава дека Сојузот бара измени во законот и дозвола на тутунарите да склучуваат нови договори и пет дена пред почетокот на откупот. Доколку пак се појават големи разлики во откупните цени од раниот откуп, и оние кои ќе бидат постигнати на крајот на откупот во март, Сојузот инсистира на доплата на разликата за секој тутунар. А, се очекува и зголемена побарувачка од понудата.

„Слободно можам да кажам дека ако лани во Македонија имаше 26,4 милиони килограми тутун, оваа година од 16-17 милиони килограми нема да има ниту грам повеќе“, прогнозира Милески.

Ако се постигнат бараните ефекти и кај кооперантите и кај откупувачите, овој пилот проект до 2014 година ќе биде востановен и во нашата, по примерот на државите од соседството. Па родот ќе се презема по секоја берба.